Здраво, нов сум на форумов иако ве пратам од порано.
Моето мислење за гумите е дека треба да се купат барем од среден квалитет, ако не од највисок.
Во тоа има и економска логика, квалитетните гуми траат повеќе и нудат побезбедно возење, истотака трошат помалку гориво.
Имате видено секоја гума има налепница за тоа колку е економична, колку е безбедна на влажен пат и колку е бучна.
Јас колата ја зедов од претходниот сопственик со зимски стари гуми, и кога си ставив Dunlop летни гуми, возењето беше многу подобро а се намали и потрошувачката.
Епа пресметајте да ви се намали потрошувачката за само 0,3 литри, ако ги возите тие гуми 40.000км, тогаш само во гориво имате заштедено 120 литри (120 евра).
Плус како што реков квалитетните гуми траат подолго, односно држат квалитет подолго.