Не ми е итно за менување, ама сакав да имам информација за Ханког, не се лоши, ги возам 3 години (иако ми се чини дека некако брзо се трошат, претходно имав Мишелин Пилот што знам што, помалку се трошеа, ама некако беа потврди и побучни).
Ама на оваа моментална цена, што ми ја понудија денес, со ќеф би ги заобиколил и би купил Континентал.
А зошто поскапи него пред 3? Во изминативе 2-3-4 години се менувале гуми на коли во поблиското фамилијарно опкружување (
) и некако ми се чини дека во глобала цената не е нешто променет, освен кај нивното височество, Ханког.
Се ставале Нексен, Нокиан, Сава, Генерал Тајр, Мишелин... дури ми се чини и дека Мишелин се поевтини од пред 3-4 години. Ама можи да имам погрешна претстава.
П.С. На времето, пред 7 години купив Тигар зимски, 195/65/15 по 3600 од гума. Е тогаш беа скапи. Само Сава и Тигар за сиромаштијата имаше (Сава беа поскапи), и нормално Континентал, Мишелин за чорбаџиите. И толку