Не разбирам какви би можеле да бидат тие практични причини.
„Здраво, сакам две нови гуми, монитирајте ги на задните тркала.“
Толку е муабетот. Али добро, важно ќе ставиш и позади нови.
Морав да земам две нови веднаш зошто старите зимски Сава Ескимо С3+ се лизгаа како сличуги. Во меѓувреме бев во преговори да земам 16-ки бандаши кои пропаднаа ама во моментот не бев сигурен дали ќе успеам, па земав само две гуми, за да можам да ги дадам полесно во случај да испадне варијанта. Втора причина беше што с емислев дали да земам Hankook или Uniroyal. повеќе гравитирав накај Uniroyal па Hankook земав за проба со надеж дека ќе успеам да ги земам 16-ките. Ама сето тоа се заврши и останав на 15-ки, па ми останаа само две нови Hankook. Во меѓувреме увидов дека се прекрасни гумите и решив да останам на Hankook. Утре со Прч одиме кај Нерко да видиме дали има нов беч на бандаши. Ако после утрешната посета кај Нерко останам на 15-ки, наредната недела ќе си купам уште две Hankook и решен проблем, сите среќни и задоволни.
Ги ставив напред зошто сакав да ги истестирам, на кочење, на вртење и слични оптеретувања.
Пошто учтиво ме праша, учтиво ти одговорив
