Голф 1 дизел, напред/позади треба да се 1.7 бари, ненатоварен. Го земам од Мотоцентар кај Качанички Пат, позади 2.3, напред 2.4. Нормално, врска немаат зошто ги пумпаат толку, ниту пак ќе се потрудат некогаш да ја видат лепенката.
А, да. Многу се нервирам кога треба да одам да менувам гуми, зашто обично напред не го креваат на кружните носачи, туку на прагови (кои не се особено јаки на оваа кола) и ги виткаат. Конкретно овој пат, им посочувам да го креваат на кружните носачи, тие „Аа дечко, не можеме, ќе ни закачи дигалката на тркалото. А што бе, зошто не на праг, па гледам не е скапан.“ А не е скапан, оти е поправан, нели.
Се надевам дека ќе си купам уште едни челични бандажи за другиот сет на гуми и сам ќе си менувам, зошто навистина немам веќе нерви да се расправам со мајстори кои сметаат дека се` знаат и им се крши филмот ако некој нешто им сугерира за својата кола.