Оди си во Мотоцентар, со закажано, ни гужви ни бутур. Имаат General Tire што треба да се трпат, имаат и Даванти имаат Клебер. Крај краева имаат и Рикен . Јави се, кажи димензија нека ти појаснат што гуми има на лагер и во колку саат - и ајт. Завршена работа.
Како не бе, ќе се усреќи во Мотоцентар. Скроз некомпетентна багра. И Клебер немаат.
Имав резервација и термин за Клебер, отидов да ги земам во закажан термин:
- Еј дечко ги немаме на лагер, имавме 300 парчиња сите отидоа.
* Како бе ги немате кога имам резервација и термин
- Епа така ги немаме, ги продале сите знаеш сега сезона е ударно.
* Во сред сезона вие немате бестселер на лагер? Сакаш да ми кажеш дека вашите бренд менаџери се шупци и не знаат што прават?
- Ама од фабрика нема залиха изгледа ќе затвораат.
* Ајде бе,.... Клебер ќе затворале а? Океј дај ми ги тогаш сигурносните штрафови и да си одам.
- Ама земи си General Tyre, дури и подобра е а поефтина ти е, многу такви имаме продадено.
* Не лупај глупости дај ми ги штрафовите и да одам во Олимпико по BFGoodrich
- Добро еве сега...... еј брат, овие не се за Фокус, за Меган ми донеле.
* Добро каде има за Фокус да одам да ги земам
- Еј немаме за Фокус на лагер, извини
И толку беше моето со Мотоцентар. Скроз некомпетентна багра по втор пат, за првиот пат имам пишувано.
Отидов во Олимпико, истите гуми само во BFGoodrich варијанта, и штрафови да изберам 3 врсти, и све на време како што беше договорено. Им викам, брат информативно, во удар на сезона сега колку парчиња BFGoodrich имате? - Поооо брат, сега ќе ти кажам..... имаме уште 2800 парлиња на лагер.
Фала многу, пријатно.