Има поента @Tischläufer, некогаш полесно е во МК да продаеш „аа бе брат сааава си е саава“ отколку „а бе тие гудјер сигурно се ѓубре, штом се ефтини колку сава, боље сава ќе купам“, така да можно е да е потполно истата гума.
Исто како и Michelin што пласира Тигар на екс ју простори, и исти гуми под Koromoran бренд, кај што Tigar не пали раја.
Ова ми е муабет од прва рака, разговарано со врвен менаџмент во Тигар фабриката во Пирот.
Вели, доаѓа моќна компанија и те купува (мишелин) сосе-пљачки. Ги исплаќа СИТЕ обврски, инвестира во тоа што треба да се среди (нови погони, нови машини, дополнително луѓе, техничка документација, know-how) и ти после работиш тоа што ќе ти кажат.
Доаѓа мипелин и вика, јас немам продукт и немам намера да се натпреварувам во ниска буџет класа на гуми, затоа те купувам, финансирам и ти после продаваш, произведуваш и правиш све за мене. Што ти треба помош ја (мишелин) сум тука. Исто и со корморан, иде у полска и истиот муабет. Така да, Тигар си е Тигар + бонус зависи како каде и како кога. Тигар продолжува да произведува условно квалитетни гуми како и претходно или мааалку подобро за нив, да се профитабилни а не подобри гуми за потрошувачпт. Гумите се истите тие евтини, со карактеристики колку што дозволува цената
ништо повеќе. Утре може ќе се случи да успее Мишелин на пазарот на балканот каде испорачува помалку одошто има побарувачка. И некое време им кажува на ТИгар, вие батка, еве французи, еве машини, еве суровина ќе правите мишелин вака, вака и вака. И они прават Мишелин маде ин Србија. Дали тој мишелин од србија и тој од франција се исти се перформанси, тоа знаат само тие луѓе таму кои го менаџираат тоа. Подоцна знае и јавноста откако ќе направи споредби. Зошто ако мишелин во македонија се носи од франција или англија тогаш мишелинката што кошта 60 евра таму во македонија не може да кошта под 80 евра. А ако ја произведе србија, истата ќе чини 50 евра и во македонија ќе ја има за 60 евра. Така да мишелин е многу поконкуурентен на пазарот во македонија или хрватска ако произведе во србија наместо во англија. Е сега дали истата гума или не, тоа само они си знаат. ние претпоставуваме.
Тоа е целиот муабет со сите тие големи фирми кои купиваат мали буџет производители.