ако имаш спремно гуми на бандажи и ако ти е само за промена, во Stop&Go зимаат 50вче од тркало (така ми беше кажано). 
btw, кога сум кај Stop&Go, да го споделам моето лошо искуство со нив денес.
Јас во мотоцентар го имам спротивното искуство, баш со истив тип на проблем. 4 Conti Sport Contact 5, платени културно на лицу сместа 600 и кусур евра, глеам една гума - словачко маде, за разлика од трите германски мадиња. Иако беа блиску со датум (беа потазе од кашкавалот у фрижидер што ми е), ги замолив да проверат дали имаат уште една германска. Без збор, отидоа донесоа уште една германска со ист датум.
После месец ипол, заебав една гума, не приметувајќи дека е дупната на задна оска и у градска вожња, им се јавувам и им кажувам, ми треба таква и таква гума - една само, нема проблем - цена без попусс ми кажува. Ја му раскажувам дека пред месец дена купив од кај нив со попуст по таа и таа цена, одма ја корегираа цената. При монтажа, ги прашувам знам дека има словачки и германски, може ли германска да проверите дали има - без збор ми донесоа германска. Со ист датум на производство како и останатите.