ако имаш спремно гуми на бандажи и ако ти е само за промена, во Stop&Go зимаат 50вче од тркало (така ми беше кажано).

btw, кога сум кај Stop&Go, да го споделам моето лошо искуство со нив денес.
Ги контактирав пред некој ден во врска со гуми. Фино и културно пишано кои димензии и кои гуми точно ме интересираат. Си добив одговор, со цени и со фини и детални информации. ОК, супер. Идам денес, со цел да купам гуми, конкретно се работеше за GoodYear Efficient Grip Performance - 2 комада и GoodYear Efficient Grip Compact - 4 комада. Идам, на шалтер, убава консултација, цени, плаќам у кеш околу 21 000 денари. И време е за монтажа. Носат момците 4 гуми (од овие Compact), сите 4 различни. една произведена 0414 - Made in Turkey, друга произведена 0615 - Made in Turkey, другите две произведени во Poland со датум 0915 и 1215. Сите 4 различни. Фино убаво го забележувам ова и ургирам дур сум уште тука, дека сакам сите 4 да се исти. Еден од монтерите (магационерите), ми вика дека нема други тие се. Викам во тој случај, очекувам корекција во цена или да ми ги вратите назад парите. Истиот тип, расположен да ми ги ували гумите, почнува да ме убедува дека датумот на производство нема никаква врска, гумите се НОВИ. му го напоменувам фактот, дека знам како се чуваат гуми на нашите простори, и дека знам колку од прилика трае гумата. У тој момент другиот од монтерите, улетува со повишен тон со зборови од типот ВИЕ МНОГУ СЕ ПРАВИТЕ ПАМЕТНИ... му воочив, дека во Макпетрол, со секоја година старост плус на гумата, цената паѓа за одреден процент, на кое добив реплика дека ЛАЖАМ. му понудив на чоекот, да дојде со мене да го уверам во веродостојноста на фактот што му го кажав. мрчејќи, почна да лупа врати и ја напушти просторијата. си ги земав парите назад, и не верувам дека некогаш ќе стапнам повторно кај нив.
може на некој му е сосем небитно ова, го споделувам само како искуство, да си отворите убаво очи.
