Супер.
Сите направивте муабет каде, за колку, поефтино, поскапо, како и кога, зимски, летни.
Но дали некој од вас се запраша дали гумите односно бандашите се правилно стегнати на колата?
Колку што се сеќавам многу од вас имаа проблеми со скинати штрафови, бла бла...
Конкретно јас пред некое време кога менував плочки, буквално морав да скокам на клучот за да ги отштрафам штрафовите. Претходно колата беше на сервис, што значи таму ги стегале.
Стегањето е еден дел од безбедноста.
АКо се престегнати, голема е веројатноста штрафот да се истегне, материјалите да ослабнат и наместо да биде стегнато тркалото, напротив ке биде многу полошо стегнато.
Стегањето до смрт е исто лошо како и нестегнато тркало.
Јас можам да се обложам дека 99,9% и со сигурност 100% никој не го користи момент клучот за стегање на штрафовите.
Прво затоа што во ниеден сервис не сретнав табела со колку Nm се стегаат штрафовите ниту пак некој знае да каже.
Нормално и не треба да знае, но постои табела, постојат два ебани листа хартија кој може да висат во секоја работилница и да се одчитаат.
Да не зборам дека веке сите користат пнеуматски пиштоли кои имаат подесување на килажата за стегање!
+ има кај некој разлика со колку Nm се стегаат челичните а со колку Алу фелните.
Нивното дивјачко стегање може да те чини неколку дена кола заглавена во сервис, а да не зборам за тоа и колку ке те чини.
Еве нека кажат тие што имаа искуство со цвикнатите навои на тркалата со лансерите.
Тоа јас можам да се обложам дека не е од лош материјал, фабричка маана, недостаток или било што. Тоа е од престегање!!!
Доколку некого го интересира еве ги табелите и може да ги превземете.
http://www.aabroncs.hu/files/hirek/nyomatektabla2007.pdfhttp://www.continental.hu/www/download/abroncsok_hu_hu/themes/overview-technical-hu/literatures/torque-settings/torque-settings-en.pdf