Денеска на 139.761км ставени се зимските гуми, ова ќе им биде 5та сезона, имаат досега околу 25-30ккм и сеуште имаат шара поголема од 4мм. Со летните Гудјиарот одкако ги купив на 13.05 до денес 20ккм, на 5ккм им направив ротација и изгледа згрешив што потоа не ги изротирав барем уште еднаш. Во предните има уште макс 5ккм возење, додека задните веројатно би издржале уште 10ккм. Доста брзо се трошат гудјаиров и ако успеам да поминам 30ккм со нив ќе бидам презадоволен. Веројатно има тука влијание и мојот стил на возење кој е за нијанса поагресивен одкако ги ставив овие гуми. Во најмала рака се трошат исто како Континентал СК5, ако не и полошо. Ќе видиме догодина кога ќе ги менувам за најточно.
ContiSportContatc5 се трошат солидно брзо, јас ги имам некаде околку 25 илјади км, со ротирање на околу 5.000км, веќе се близу 4мм. Некаде најдов инфомрација дека фабричката шара е 7,7mm, па со оглед на тоа, не е нешто претерано, туку нормално. Башка есап, мене и негативниот camber ми влијае на абењето.
CSC 3 се трошеа за нијанса поспоро, исто и Michelin PilotSport2. Веројатно на овие возила со овие перформанси и тежина, толку им е на гумите... 30-35ккм максимум. Поготово ако ги возиш на отворено со големи брзини.