Toa citroenite од C1 до C4 се ужасни возила. Зборувам за претходните C3 i C4. Ужасно катастрофални. Посебно C3, има шасија како Дијана, тропа и вибрира како кола од 70тите.
Не знам какви биле претходните, ама и оваа нова верзија не може да се пофали со некаква цврстина.
На пример, подкрилото е во жлеб, и кога ќе удриш дупка или тротоар може лесно да излезе од тој жлеб и ствара вибрација. Па излегувам, го местами и возам

Прво мислев дека мојов само е таков, ама најдов еден на улица случајно , и го замолив да проверам, и исто

Исто браникот малку излегува од жлеб, од кога се симнав од тротоар и малку закачив (ептен внимателно се симнував).
Па исто излегов, го вратив и си седи така до нареден удар од тротоар појак.
Внатре е доста пластичен и релативно нежен. Исто мењачот е ептен нежен и ми личи дека ќе ми остане во рака

Кога го купував најдов толку лоши ревјуа, да ми стана симпатичен

Сега за сега, никаков проблем, ама јас го имам тек 3-4 месеци, и тек пројдов само 4500 км.
Ќе видиме како ќе се покаже. Доброто кај овој тип на кола е што лесно се продава ако испадне дека е ептен срање
Исто има мека суспензија, што кога ќе удриш појака дупка на автопат пропаѓа до крај и ствара рипање

Ама па до сеа никаков проблем посериозен, и ужасно евтин во поглед на потрошувачка. Исто прашував за редовен сервис, има ептен евтини сервиси (ќе го носам во Лазе Цилаз, во Автонова имаат ужасно лош однос, не ни помислувам да одам таму).
Дарко