Јас кога го земав Спаркот се сеќавам дека стрелката беше на 1/4 од резервоарот што реално е 1/6 од резервоарот или некаде окулу 80-90км за возење.
Иначе гумите денес ги дотерав напред 2,2 а назад 2,1 атмосфери.
Значи и ти си имал 2 литри
(морав... сори)
Треба да се пумпаат колку што пропишала фабриката. Интересно ми е што у разговор со 5-6 вулканизери, сите предлагаат да се напумпаат на 2.0 бари
Таква дискусија имав со вулканизерите во Мотоцентар за Нисанот на братми
„Дечко, на колку ги напумпа гумите?“
(гордо)„На 2.0“,
„Ај напумпај ги на 2.5“,
„Зошто?“,
„Зошто така пишува на вратава - тоа се фабричките спецификации за нисанот“
„А бе дечко - многу е...“,
„А бе шо ти е многу тебе, јас ја возам колата - не ти“
И си се фати за компресорот и сврте уште еден круг околу кола.
За алфата стално им напоменувам дека треба да ги надрукаат вон нивните ограничувања у глаата, 2.7 напред, 2.5 позади.