Ги имам гумиве на клоата земени на старо со неа. Имаат шара колку и континтнталот Premium Contact не Маеганот што се возат, не се за фрлање одма ама да речеме дека некој би ги држел 5kkm на бандаш. Не знам колку се стари ме мрзи да читам оти сакам да ги сменам веднаш.
Првиот пат на сосема безризично застанување на семафор на право на суво при малку покатегорично сопирање се упали ABS от, па помислив дека сензорите не ги бива и дека ABS-от окинува лошо. Ама потоа се испостави дека при секое малку поризично закочување гимите веќе го губат контакотот со асвалтот ИНСТАНТНО.
Исто е и со влегувањето во кривини. На оваа кола би очекувал далеку повеќе предниот дел да „подзабегува“ но задницата си ја пролизгувам без да се потрудам. Притисокот го штимам на две - три недели и
не бега многу. Да не речам во теоретски температурни граници.
Освен на едни руски гуми на Самарата не можам да се присетам на нешто полошо да сум возел последниве 15 годни.
Значи не знам колку заштедуваат гориво, колку не се абат и траат. Тие параметри не ме интересираат ако има и најмал компромис во сигурноста, држењето и кочењето на сува и влажна подлога. А во ценовниот ранг верувам дека ќе се најдат многу гуми подобри од овие „енерџи кис мај ес“ гуми.
Ах да имав и една случка во петокот на Илинденска. Возев зад еден Голф (GV регистрација, ненавикнат на скоскиве испади очигледно) ама сосема ок тераше. Нешто под 80, ремномерно крузам на зелен бран, не баш прописно одалечен но не залепен. Една група дечишта (10+) излегоа од автбус од лева страна и се стрчаа да помина на десната. Тој скоро ги беше одминал ама некако се штрецна и закочи поенергично (не беше некоја драма). Мислам дека готов бев да влезам кај него во браник со максимално притискање на кочница. Среќа малце избегав надесно и тој на мојата десна стране беше веќе во прикочивање па се спаси браникот. Реално според приликата со нормали гуми веројатно ќе имав барем 2-3m толеранција.