Предлог за 175/70/13 гуми?
Имам понуда за Бф гудрич за 2500ден туринг модел, Вредештајн исто 2500ден T-trac модел и Дебика 2100ден незнам кој модел. Во друга понуда добив и Тигар за околу 2000ден и Матадор Стела 2 модел исто околу 2500ден.
Летни гуми сакам да купам, четири нормално, значи претежно во град ке се возат и еднаш - два пати годишно надвор.
Колата не поминува ни 10ккм годишно, така да несакам некои прескапи гуми, ниту пак ептен крш. Овие што ги набројав мислам дека се некоја средна класа.
Би сакал ваши размислувања и предлози.