Лош потег е резервната да ја ставиш наместо една од постоечките гуми. Повеќе разлози има за тоа.
Првиот е што во гепек ќе возиш истрошена гума со (релативно) поголема шанса да откаже кога ќе ја ставиш наместо дупнатата.
Вториот е, сега имаш рамномерно извозени гуми на двете оски (предна и задна), кога ќе ја ставиш новата резевна, ќе имаш нерамномерно истрошени гуми, со тоа и нерамномерен баланс по кривини, можност да ти занесе на дождливо време и слични заебанции.
Третиот е - не добиваш ништо позитивно од ниту еден аспект. Или барем кажи што е позитивната работа на овој твој потег?
Без разлика што се 3-4 месеци, тие веќе се неколку илјади км понови од резервната.