Здраво дали ги има некој возено hankook dynapro hp2 ra33 za suv некаде прочитав како да се all season гума а сакам летни па се мислам дан бидат гласни 70db се по спецификација а друга опција мие sava intensa suv 2 69db летна? Мислење?
мало појаснување околу гласни и тивки гуми и зошто нашето мислење нема ништо да ти значи. Јачината се мери со микрофонт поставен на извесно растојание од тркалото и се вози на одредена брзина и одредена површина (не ги знам на памет деталите, можам да ги проверам ако ептен те интересира). После пар тестирања, производитело дава рејтинг и тоа е тоа. Зошто нашето мислење нема да ти значи ништо? Освен ако не најдеш некој тука со буквално истиот модел на кола и тие гуми тогаш се што ќе кажеме ние е лично искуство со нашите коли. Огромна улога игра самата кола, дизајн, изолација, такви тракатанци.
Околу all-season vs summer, ако возиш претежно по места кај што снег се чисти, низ град, автопат и слично, all-season ќе ти биде океј опција. Не е доволно добра како летна, не е довоно добра како зимска, убав баланс што е океј за дејли и ако не возиш ко да си на стаза. Од друга страна, савата технички ја рекламираат како перформанс гума, така да ќе „лепи“ подобро од ханкокот.
Совет: ако буџетот ти дозволува, иди летна зимска комбо за „секој случај момент“. Не се пентарам по планините многу, ама за еднаш у годината зимските си го заработуваат лебот