Toyo Nanoenery 3 ги возам напред 5 лета, 2015та произведени, гумата е тивка и многу малку се троши, симетрична е и можи да се ротира внатрешна со надворешна страна и во правец. За нормално возење, пошто ги возам напред, во ред ми се, освен во два наврати на лето, дали асфалтот мазен или не знам шо АБС ми се уклуче на средно-тешко кочење на мали брзини. Во влажно немам замерки, исто возам како да е суво, не беснеам нешто екстремно па да ти кажам почнува да пушта. Ми бркаат работа за моето возење ако се "еко", не сум Баричело, и сум задоволен.