Ајде едно експертско мислење од форумскиот совет.
Дома имаме Спарк, се користи како трето возило, годишно едвај се поминува 2.000-3000 км. Ќе се вози престојниов период малку повеќе, што значи уште 1000 км. плус годишно.
Летните гуми се веќе 5 години стари, но зимски немам никакви. Размислувам и некако ич не ми се свиѓа опцијата да барам да купам челични бандажи и нови зимски гуми, мислам дека е превише инвестиција ко за Спаркчево и плус 12 тркала дома сепак место зафаќаат.
Највеќе би ми одговарало All Season, ама никогаш у живот немам возено ваква гума а знаејќи ја сите Скопската клима имам фуфка и голема дилема па не можам да пресечам.
Дополнително ме мачи фактот што сум на Водно, кога има снег малку потешко без зимска гума.
Fulda Multicontrol 2268 ден.
GoodYear VECTOR 4SEASONS GEN-2 3305 ден.
Ич не е проблем иљадарката плус, дали стварно е подобра и дали вреди е прашањето.
Или да си земам зимски?
Sent from my iPhone using Tapatalk