Од прва рака ви кажувам,работев еден месец во еден официјален сервис на вњ ,вработен како магацинер,но работев од чистач,магацинер,потрчко па и како механичар од понеделник до сабота од 8 часот наутро до 19 часот навечер не осигуран за 6 000 ден. месечно.,и што видов.
1.Наплаќаат лонг лифе 3 масло,но ставаат некое кастролче точено од буре во шишиња од лонг лифе 3,механичарот кога ќе го промени маслото,тубенцата ги враќаше во магацин за пак да се наточат.Ова пред мои очи се случуваше.
2.Оставено возило на редовен сервис,му се јавуваат на газдата дека плочките се за менување,плочките до половина истрошени,му ги вадат му ставаат нови плочки,старите плочки ги ставаат на возила кои се на фирма и за кои не се води многу сметка а се наплаќаат како нови,ова и со многу други делови се правеше.
3.На некои возила кои се на фирми и за кои не се води сметка од страна на газдите се наплаќа дека се променети филтрите за гориво но тие не се променуваат.
4.Помнам дојде еден со голф 4 тди ПД,немала снага колата,имаше црево скинато,тие му го сменија цревото но му наплатија промена на сензор за воздух.
5.При ремонт на менувач во фактурата се наплаќаат комплет шелни,но од целиот комплет дали ќе се искористат 2-3 шелни,другите се враќаат во магацин,се порачуваат само употребените шелни,и така се комплетираат шелните.
И уште многу многу други работи кои сега не ми текнуваат.