Имам Опел Астра Х 1.4 16в 90кс Twinport Ecotec 2008 со поминати околу 25000 км и ограмна желба имав да ja тестирам на Дино. Астрата лтово беше чипувана, но тогаш сеуште немаа Дино. Бев поканет од тјунерот Revochip Србија-како вистински професионалец, сега кога набави Дино од најновата генерација SERPAUTO модел 2011 CV2 600 EVO за да ја измериме моќноста и при тоа провериме мапирањето. Бевме запрепастени кога наместо очекувани 10% зголемување на снагата (како атмосферец), колата имаше само 2 кс повеќе од фабрички декларираните и 5 NM повеќе (92кс при 5500rpm и 130NM при 4220 rpm). Веднаш го вративме мојот (оригиналниот) фабричкиот фајл и повторно меревме. Покажа 84 кс при 5400 rpm и 117 NM при 4280 rpm со тоа што при конверзија од тјуниран мод во регуларен мод, секогаш колата извесен период задржуваат околу 2 кс повеќе, што значи фабрички сум имал околу 82кс. Не се заборави и фактот дека моторот треба да е добро загреан, како и спориот одзив на ламбда сондата-поготово на овој тип на мотор, па се правеа по неколку Дино тестирања (со секој фајл поединечно) за да се добијат што попрецизни отчитувања. Фајловите се испраќаа во централата на Abarth за да го испитаат случајот и дадат некоја сугестија или евентуална корекција. „Проблемот“ лежи сепак во харверот, т.е. моторот! Колата е сеуште нова, малку експлоатирана и тоа максимално внимателно, редовно сервисирана при што се користени врвни потрошни материјали (масло, филтри...), а имам додано аплицирано и MoS2, Октан бустер LM, 98 октани гориво, магнети, к&n филтер, NGK V-Power свеќици и што уште не! Како и да е, тјунерот си го исполни ветувањето за 10% зголемена моќност, што впрочем и го докажа, а јас истото го документирав со видео запис, како и он со графичкиот приказ од Диното...
Е сега јасно ми е дека и два близнака не се исти, дека од мотор до мотор има разлика иако се декларираат како исти и дека некои мотори се поподобни за фризирање од другите, ама во старт да имаш 8 коњи помалку...
Најверојатно е дека фабриката всушност прикажала BHP (brake horse power), односно ја мерела снагата без оптеретување на алтернаторот, водната пумпа, климата, менувачот ... Но, фер ли е да се декларираат 66 KW према кои се ориентираат и осигурателните компании при наплатата на авто-одговрноста или сепак се работи само за исклучоци како мене во случајов?
Диното е ново, калибрирано и репродуцибилно, што е најважно-направивме еден куп тестирања (работевме цели 8 часа, со исклучок на ручекот) додека не се постигна максимумот! За споредба имаше и други коли, кај кои фабричката моќност соодветствуваше со измерената, а на едно Пунто имаше и еден коњ повеќе од запишаната вредност во сообраќајната дозвола
Штета што не успеавме да најдеме исто возило како моето за споредба, но поаѓајќи од фактот што брат ми има исто, само што е GTC и што секогаш го „јадев“ во сите варијанти поготово на угорнини и што на работа директорката вози иста кола како мојата, па ја имам возено неколку пати и се чувствуваше огромна инфериорност према мојата, докажува дека конкретно овој тип на возила фабрички одат со пониска снага од декларираната, па народот вели, да, тешка е и преносот и е таков каков што е, па е ТРОМА-во однос на другите! На моите видеа за забрзување ќе забележите дека од 0-100 км/h сум побрз за, незнам, бар две секунди од декларираните...
Поентата на постов ми беше малку да ве замислам околу „едноставноста“ на тјунирањето, реалната фабричка и моментална состојба на моторот, капацитетот еден мотор колку може да ги прифати модификациите... Воедно да му искажам огромна благодарност на Саша Јанковиќ – сопственикот на Ревочип, како и одделот задолжен за тјунирање All Car Racing од Abarth, Италија (кои останаа на работа и после 17 часот, што воопшто не е својствено за нив
) чив екслузивен застапник е за просторите на бивша YU, како и светско реномираната компанија за издуви - Акрапович - Словенија. Освен гаранцијата за софтверот, нуди и опција за дополнителна гаранција на моторот под одредени услови за одржување на истиот. Ме замоли да пренесам искрени поздрави, подршка и желби за понатамошен развиток и успех на Carclub и неговите членови, како и дека ќе се заложи за негово промовирање и во Србија, можности за соработка и тн. . Му благодарам за високата професионалност во работата, стручноста и несебичната поддршка кон клиентите, гаранцијата за извршената работа и пред се хуманоста! По напорната работа ми обезбеди прекрасен апартман на Златибор, каде што го доживеав најубавиот викенд во мојот живот со сопругата, уживајќи во снежната идила и природната убавина, при тоа обилно конзумирајќи пршута, кајмак и препечена шљивовица
Заклучок: Ѓиѓи лаже – Дино не лаже !