Автор Тема: Фабричко декларираните коњи – вистина или лага?  (Прочитано 27555 пати)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Имам Опел Астра Х 1.4 16в 90кс Twinport Ecotec 2008 со поминати околу 25000 км и ограмна желба имав да ja тестирам на Дино. Астрата лтово беше чипувана, но тогаш  сеуште немаа Дино. Бев поканет од тјунерот Revochip Србија-како вистински професионалец, сега кога набави Дино од најновата генерација SERPAUTO модел 2011 CV2 600 EVO за да ја измериме моќноста и при тоа провериме мапирањето. Бевме запрепастени кога наместо очекувани 10% зголемување на снагата (како атмосферец), колата имаше само 2 кс повеќе од фабрички декларираните и 5 NM повеќе (92кс при 5500rpm и 130NM при 4220 rpm). Веднаш го вративме мојот (оригиналниот) фабричкиот фајл и повторно меревме. Покажа 84 кс при 5400 rpm и 117 NM при 4280 rpm со тоа што при конверзија од тјуниран мод во регуларен мод, секогаш колата извесен период задржуваат околу 2 кс повеќе, што значи фабрички сум имал околу 82кс. Не се заборави и фактот дека моторот треба да е добро загреан, како и спориот одзив на ламбда сондата-поготово на овој тип на мотор, па се правеа по неколку Дино тестирања (со секој фајл поединечно) за да се добијат што попрецизни отчитувања. Фајловите се испраќаа во централата на Abarth за да го испитаат случајот и дадат некоја сугестија или евентуална корекција. „Проблемот“ лежи сепак во харверот, т.е. моторот! Колата е сеуште нова, малку експлоатирана и тоа максимално внимателно, редовно сервисирана при што се користени врвни потрошни материјали (масло, филтри...), а имам додано аплицирано и MoS2, Октан бустер LM, 98 октани гориво, магнети, к&n филтер, NGK V-Power свеќици и што уште не! Како и да е, тјунерот си го исполни ветувањето за 10% зголемена моќност, што впрочем и го докажа, а јас истото го документирав со видео запис, како и он со графичкиот приказ од Диното...
   Е сега јасно ми е дека и два близнака не се исти, дека од мотор до мотор има разлика иако се декларираат како исти и дека некои мотори се поподобни за фризирање од другите, ама во старт да имаш 8 коњи помалку...??? Најверојатно е дека фабриката всушност прикажала BHP (brake horse power), односно ја мерела снагата без оптеретување на алтернаторот, водната пумпа, климата, менувачот ... Но, фер ли е да се декларираат 66 KW према кои се ориентираат и осигурателните компании при наплатата на авто-одговрноста или сепак се работи само за исклучоци како мене во случајов?
   Диното е ново, калибрирано и репродуцибилно, што е најважно-направивме еден куп тестирања (работевме цели 8 часа, со исклучок на ручекот) додека не се постигна максимумот! За споредба имаше и други коли, кај кои фабричката моќност  соодветствуваше со измерената, а на едно Пунто имаше и еден коњ повеќе од запишаната вредност во сообраќајната дозвола :) Штета што не успеавме да најдеме исто возило како моето за споредба, но поаѓајќи од фактот што брат ми има исто, само што е GTC и што секогаш го „јадев“ во сите варијанти поготово на угорнини и што на работа директорката вози иста кола како мојата, па ја имам возено неколку пати и се чувствуваше огромна инфериорност према мојата, докажува дека конкретно овој тип на возила фабрички одат со пониска снага од декларираната, па народот вели, да, тешка е и преносот и е таков каков што е, па е ТРОМА-во однос на другите! На моите видеа за забрзување ќе забележите дека од 0-100 км/h сум побрз за, незнам, бар две секунди од декларираните...
   Поентата на постов ми беше малку да ве замислам  околу „едноставноста“ на тјунирањето, реалната фабричка и моментална состојба на моторот, капацитетот еден мотор колку може да ги прифати модификациите... Воедно да му искажам огромна благодарност на Саша Јанковиќ – сопственикот на Ревочип, како и одделот задолжен за тјунирање All Car Racing од Abarth, Италија (кои останаа на работа и после 17 часот, што воопшто не е својствено за нив ;) ) чив екслузивен застапник е за просторите на бивша YU, како и светско реномираната компанија за издуви - Акрапович - Словенија. Освен гаранцијата за софтверот, нуди и опција за дополнителна гаранција на моторот под одредени услови за одржување на истиот. Ме замоли да пренесам искрени поздрави, подршка и желби за понатамошен развиток и успех на Carclub и неговите членови, како и дека ќе се заложи за негово промовирање и во Србија, можности за соработка и тн. . Му благодарам за високата професионалност во работата, стручноста и несебичната поддршка кон клиентите, гаранцијата за извршената работа и пред се хуманоста! По напорната работа ми обезбеди прекрасен апартман на Златибор, каде што го доживеав најубавиот викенд во мојот живот со сопругата, уживајќи во снежната идила и природната убавина, при тоа обилно конзумирајќи пршута, кајмак и препечена шљивовица :D
Заклучок: Ѓиѓи лаже – Дино не лаже ! ;D








   
   

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Фабричко декларираните коњи – вистина или лага?
« Одговори #1 на: 07 Март 2011, 00:29:52 am »
Одлични информации колега Џиџи. Благодариме за времето, трудот и објаснувањата кои мислам дека на многумина ќе им користат да извлечат заклучоци.

Тоа е тоа, што многу луѓе не го знаат. Постојат разно-разни стандарди според кои се даваат карактеристиките за моторите, но малку од нив ја даваат реалната снага. Притоа компаниите сето тоа знаат убаво да го завијат во форма во која правилно ќе ги дезинформираат купувачите.

Сето ова е причина повеќе да не се прават дебилни споредби на две возила според максималната декларирана санга.

Инаку за мојот автомобил од тјунерската куќа Piasini Engineering ми кажаа дека наводно снагата на мојот мотор била мерена без пумпи, каиши мењачи, хладњаци и друго. Потоа на друго место прочитав дека всушност 6-ките како мојата се мерени со сите тракатанци на нив освен мењач. И на крај не знаев да верувам што е поточно. Како и да е, најдобро сето тоа може да се дознае на динамометарот.

Сево овој тест е уште еден показател колку е тешко од атмосферец да се извади снага со чипување. Покрај сите додатоци кои ги има направено крајниот резулат е +10% просек. Тоа не е лоша бројка, но ништо драматично кое може бар округло да се квантифицира. Чисто илустративно, ако снагата е зголемена за 10% во просек, тогаш времето на меѓузабрзувањ ќе биде за 4.88% покусо. Кога ќе се земе в предвид дека менувањето на брзини одзема исто време и во двата случаи, успех е да се скрати и пола секунда во забрзување од 0 до 100km/h.

Како и да е за таква бројка и јас би идел на повторен ремап, секако под услов прво да ме уверат во придобивките. :)
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Фабричко декларираните коњи – вистина или лага?
« Одговори #2 на: 07 Март 2011, 10:14:29 am »
Skoro site proizvoditeli ja deklariraat snagata na motorot na radilica, od radilica do trkala se gubi ~10% od snagata. Ti ja meris snagata na radilica. Se e vo red.

Zar bese do srbija da napravis dyno merenje  :o

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Фабричко декларираните коњи – вистина или лага?
« Одговори #3 на: 07 Март 2011, 12:02:36 pm »
Се губи повеќе од 10%. Зависи од машината и преносот. Во секој случај и мерењата на радилица се различни. Некој мери со закачени пумпи, перки, каиши и тн. Некој без нив. Затоа е глупо да ги споредуваш перформансите на возилата според декларираната максимална снага. Се споредуваат кривите добиени на дино, мерено на тркала.
« Последно менување: 07 Март 2011, 12:04:15 pm gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10969
  • 430i
Одг: Фабричко декларираните коњи – вистина или лага?
« Одговори #4 на: 07 Март 2011, 13:14:33 pm »
Јас мислам дека Опел ги имаат урачунато во тое 8КС викендот во Златибор, пршутата и кајмакот, така да се исплати :D
Се зезам, браво исцрпниот пост од искуството.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Фабричко декларираните коњи – вистина или лага?
« Одговори #5 на: 07 Март 2011, 13:17:18 pm »
Се губи повеќе од 10%. Зависи од машината и преносот. Во секој случај и мерењата на радилица се различни. Некој мери со закачени пумпи, перки, каиши и тн. Некој без нив. Затоа е глупо да ги споредуваш перформансите на возилата според декларираната максимална снага. Се споредуваат кривите добиени на дино, мерено на тркала.
Точно. Некои марки на возила имаат доста блиски декларирани вредности до оние измерени на дино, некои пак марки имаат огромни разлики. Особено за возилата чии основни бензинци го развиваат моментот над 5000 вртежи.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Фабричко декларираните коњи – вистина или лага?
« Одговори #6 на: 07 Март 2011, 13:53:00 pm »
Skoro site proizvoditeli ja deklariraat snagata na motorot na radilica, od radilica do trkala se gubi ~10% od snagata. Ti ja meris snagata na radilica. Se e vo red.
uste da bese dostapno za site i da e bespari. treba da odis srbija za da meris, 150 evra trosok.



Точно. Некои марки на возила имаат доста блиски декларирани вредности до оние измерени на дино, некои пак марки имаат огромни разлики. Особено за возилата чии основни бензинци го развиваат моментот над 5000 вртежи.

snagata na motorot se meri na radilica. Deklaracijata na snagata sekogas se odnesuva na motorot, ne na voziloto vo celina. Eden motor se vgraduva vo poveke modeli, pa nemora da dava ist izlez na snaga vo fiesta i mondeo.

Nekoi (vw) go laziraat ovoj podatok i davaat ~10% pogolema moknost na motorot od deklariranata, taka sto taa se sovpaga so snagata na trkalata. kamo i drugite da lazea na ovoj nacin.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен ford ST

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Фабричко декларираните коњи – вистина или лага?
« Одговори #7 на: 07 Март 2011, 16:23:50 pm »
 :) Djidji toa bese pricinata koga ti velev deka treba da izmeris za da znaes so sigurnost.Ti bese ubeden deka ima +14hp okolu 104hp so chiptunigot i filterot, medjutoa dinoto pokaza sosema nesto poinaku.Kako se meri sila na motorot kaj sekoj prozivoditel e veke druga rabota.Sega koga imas "crno na belo" mozes da znaes so sigurnost kako e sto e,do kade si.Zasto nikoj,pa makar toa bil i ne znam kakov strucnjak ili mehanicar ne moze da kaze kolkava e pridobivkata (vo hp) bez toa merenje.Vo sekoj slucaj sigurno e deka tvojata kola vo ovoj moment treba da ima barem za nijansa podobro zabrzuvanje i rabota od "obicnata" astra a site tuka moze da se slozime za kef se plaka i poveke od toa.Pozz

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Фабричко декларираните коњи – вистина или лага?
« Одговори #8 на: 07 Март 2011, 21:51:00 pm »
@Deni

До сега не сум сретнал мотор од комерцијален автомобил кој максималниот момент го развива на 5000 вртежи или повеќе. Да не помеша со максимална снага?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Фабричко декларираните коњи – вистина или лага?
« Одговори #9 на: 07 Март 2011, 22:49:48 pm »
@Deni

До сега не сум сретнал мотор од комерцијален автомобил кој максималниот момент го развива на 5000 вртежи или повеќе. Да не помеша со максимална снага?
Не а? Јас би рекол дека и си возел такви коли...
Цитат
1.6 variant
Price: £12,250
Engine: 1591cc 16 valve four-cylinder petrol
Power:120 bhp at 6200rpm
Torque: 113 lb/ft at 5200rpm
Performance: 0-62 mph 10.8 seconds, 119 mph top speed
Fuel economy: 44.1mpg combined
CO2 emissions: 152 g/km

или
Цитат
Cylinders: 4, in line
Valves per cylinder: 4
Capacity: 1396 cm3
Bore x stroke: 77,0 x 75,4 mm
Compression: 10,5:1
Max power: 80 kW (109 hp)
Max power RPM: 6200 rpm
Max torque: 137 Nm
Max torque RPM: 5000 rpm
Fuel system: multipoint injection
Engine type: dohc
Turbo: no
Catalyst: regular

А сега си видел? Или сакаш и на македонски сајт?
Цитат
Но, субјективниот впечаток е сосема различен. Моторот, максималната сила ја развива на високи 6.200 врт/мин, додека максималниот вртежен момент е на рекордно високи 5.000 врт/мин, подрачје во кое, на пример Golf 1,4 ја развива максималната сила! Значи, за да се извлече максимумот, моторот треба да се носи до црвеното подрачје и скоро секогаш да се префрла во една брзина пониско, што реално, во многу малку случаи е стандарден начин на возење, а кога е така пак, потрошувачката значително се зголемува.
А тек што им фалат по цели ергели коњи кога се ставени на дино.

Мислам дека сега ти е појасно зошто ги презирам таквите маркетиншки трикови и нивните поддржувачи таканаречени хартиени војници. Работава „Звучките на компјутерот ми се 1500W P.P.O.E. Music Power, твоите Wharfedale се едвај 50 вати, со тоа скапаниот ROTEL од 2х100w!!!“ (Ignorance is bliss.)

« Последно менување: 07 Март 2011, 22:57:34 pm Deni »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Фабричко декларираните коњи – вистина или лага?
« Одговори #10 на: 08 Март 2011, 01:12:02 am »
Ах Дени, Дени... :D

До сега зборевме да не се гледаат тие табелчињата со единечни бројки за вртежен момент и моќност туку да се гледаат кривите од тестовите на дино. Убаво што ти текна на Киаундаи, бидјќи не верувам дека на хартија ќе најдеш таков податок за други возила, сепак не провери податоци од динамометар.

Од двата модели кои ги спомна, 1.6 и 1.4, за едниот има сертификат од Рототест, за другиот нема. Инаку Рототест е институт кој се занимава со истражување токму на оваа проблематика и е уважен како веродостоен при мерењата за разни потреби и намени во научни и комерцијални(регистрација на возила/тјунирани возила и др) цели. Конкретно
моторот 1.6 максималниот вртежен момент, мерено на тркала, го разивва на 4200 вртежи.
http://www.rri.se/popup/performancegraphs.php?ChartsID=737

На нивната веб страница ќе најдете графици и тестирања за многу возила и нивни мотори, како и споредба на декларираните со реалните перформанси. Мислам дека е од голема полза во контекст на темава:
http://www.rri.se/index.php?DN=29
Штета што баш за мојот мотор нема податоци (а има за 1.6, 2.0 и 2.3...). Исто и за моторот на Џиџи, нема податоци...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Фабричко декларираните коњи – вистина или лага?
« Одговори #11 на: 08 Март 2011, 01:15:30 am »
Епа тоа е сајтот де. Од таму ми се повеќето информации. ;D А тоа што максимумот е на 4200 фалат 10Нм и 10кс од декларираните... Не е лошо како за Киа. Знаат и повеќе. Од друга страна пак.
http://www.rri.se/popup/performancegraphs.php?ChartsID=922
http://www.rri.se/popup/performancegraphs.php?ChartsID=925
http://www.rri.se/popup/performancegraphs.php?ChartsID=739
Правен е муабетов некаде, ама незнам да најдам сега.
« Последно менување: 08 Март 2011, 01:18:52 am Deni »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Фабричко декларираните коњи – вистина или лага?
« Одговори #12 на: 08 Март 2011, 07:50:58 am »
Не му фали ништо. Такво му е мерењето :D Инаку од кривата и сам гледаш дека за атмосферец и не е така лош Цид 1.6 на средни и ниски вртежи. Једино максималната снага што му е отерана многу високо. Но сепак е таму и е достапна во тој рејнџ, па ако сакаш да извадиш максимум цеди ја колата од 4000 до 6200 вртежи.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Фабричко декларираните коњи – вистина или лага?
« Одговори #13 на: 08 Март 2011, 10:39:11 am »
Нели овој 1.4 на Астрата фабрички беше 80 кс ????

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Фабричко декларираните коњи – вистина или лага?
« Одговори #14 на: 08 Март 2011, 10:56:47 am »
Nikogas ne bil :)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need