значи....
прво изгледот, тоа е за сите оние што мислат дека можат да ми помогнат да најдам резервоар друг, за да го видат како изгледа....
одозгора
одоздола
од десна страна
од лева страна
и сега се проблематичните делови. таа со штравчето е конкретно дупка што се отвори, па му натепав штравче што ми дојде до рака за да прекине да тече.... другите се гледа дека се поткожурени и дека само бојата го држи бензинот да не тече. во принцип, сите се од доле или апла од доле ама од страна....
ете... а пред неколку месеци кога сефте го наполнив резервоарот ни поткожурено имаше, ни течеше, ни дупче ни ништо... знам дека уствари било оно труло, ама бојата убаво легната држела... е сега после тоа време бензинот ја раскопал и омекнал бојата и ете го проблемот...
некој вчера ми спомна со месинг можело или со олово....пошто резервоарот е железен, демек додека со оксиген го топиш месингот или оловото, он успат ке ја изгори сета корозија и ке нема ич... слушнал некој за ова? можно е? и што е подобро, месинг или олово? оловото има пониска точка на топење... а месингот бајаги повисока...