Ја пратам темава уште од самиот почеток, и немам што друго да кажам... Освен браво - за маката, трудот, времето, парите, а и за меракот за оваа стара машина. Навистина ми е мило што постојат вакви мераклии во Македонија.
Биди упорен и не се откажувај, кога веќе толку време, пари и труд си вложил во моторот, апсурдно е да се откажеш поради еден резервоар. Што е еден резервоар во споредба со меракот да се има и да се вози ваква машина... Зар после толку мачење и работа околу моторот, карбураторите и останатото... Дозволуваш еден резервоар да те предомисли ?
Ако не може да се поправи, побарај му на некој лимар да ти изработи ист таков, секако ако не може да се купи од некаде...
Поздрав и све најбоље.