и ете... мораше модус да се прави... се востанови дека поради сите модификации што се правени, усисната брегаста прима масло под притисок, ама неможе да го врати назад, а пак издувната брегаста има каде да врати ама не прима масло. и модусот мора да се направи. самите штопни на самите брегасти служат за појаките машини да се приклучат на тоа место ладилници за масло. вадење јас штопните, прво кај еден пријател во гаража му собрав малку бакарна цевка ф6 и 4 приклучоци за нејзе. после со штопните и приклучоците на дреар да ми ги дупне и обработи штопните со навој според приклучокот за цевките...
додека он тоа го обработуваше, јас трк до првата продавница и купив цуцли за испуштање воздух на кочници. имав срека и најдов цуцли кои се под агол од 45 степени, топ комбинавција. лагерчето и федерот во улога на неповратен вентил отидоа во аут, проширив со бормашина и добив убав проток. ја дупнав главата на 4-те нај ниски точки кај брегастите, нарежав навој ги метнав цуцлите со бакарни шајбни, ги споив со ГУМЕНО ЦРЕВО и стеги и со тоа го добив одливниот канал од усисната во издувната брегаста.
во меѓувреме стигнаа и штопните, па и нив ги наместив и со тоа го добив и подмачкувањето во издувната брегаста. еве како тоа изгледа сега.
после неколку теста, излезе дека и овој дел од мојот проект е комплетно успешен, иако неколку “упатени“ ми рекоа дека нема да успее, затоа што притисокот ово оно бла бла бла... јас бре луге сум по професионална струка парно греачи работам токму тоа, притисоци и протоци... јасно е ко ден дека пумпата бутка со одреден притисок и на некои канали ако се запре, на другите на кои има проток, притисокот и протокот ке се зголемат.
и така... ја метнав налепницава на моторот:
па го запалив иако сеуште не сум го решил проблемот со тоа што не ми полни струја (реглерот е нај веројатно во аут) и со ненаштеловани карбуратори, затоа и рика 2500 rpm а за тоа ке треба кај пешич да идам, седнав на него, го запалив и му ја удрив првата тест вожња, а другар ми беше љубезен да го извади мобилниот и да ме снима:
идеше до 7000 обртаи, го свирнав накај 180 и мислам дека машината е ок... да се доштелова, и ке цепи бајаги... деновиве и за гуми треба да средам, па заедно со се гумите и штелката и хладњакот за масло што треба да му го довградам ке идам на тест вожња за максимална брзина... за тоа ке треба да имам пратња од побрза кола, а тука ми е се разбира мехатроника и неговото пимпано волво... за некој ден ке турам слики и од хладњачето довградено...