Можеби си немал проблем, ако не биле поместени вредностите на сензорот од клапната.Без разлика дали е така или не , пожелно е да се направи.
Кај мене ако е Опел и VW групација, може.Кај опел кај некои модели, компјутерот од самиот старт врши сетирање на положбата уште на самиот контакт, а кај некои модели треба со тестер да се направи.Кај VW, скоро кај сите.Помалку ги работам, ама не треба да е проблем.
На колку км? Нема правило, зависи од маслените испарувања што се нафатени на клапната, а тоа зависи од квалитетот на маслото,типовите на возење-градска , отворено....состојбата на моторот...истрошеноста на деловите во самата клапна...
Доколку проблемот постои, а не може со чистење и адаптација да се поправи, најверојатно ќе бара промена на самата клапна, со се мотор, потенциометар...