Со клешти треба да ти вади прсти за да искуцаш на тастатура малку подетално
Тој мајстор е за клими, сервисер ли е, колку време е процедурата, пари, фреон, утреден ако идам јас, несакам мене некој да ми кажува дека ќе треба да прави ракета за Марс небаре за да ја заврши работата .... 
Мајстор Салка е по професија механичар, и како што пишав, ги менуваше гумиците на својата кола, а зедно бевме во потрага по гумици, цевки, за клима, инаку цела процедура пошто нели он е мајстор не беше
повеќе од 1 час за промена на цевки за клима, филтер, пресостат и промена на сите гумички во системот.
Фреон полневме во Интерфриго кај Ацо, цената беше 2000 денари, со тоа што еднаш го наполни системот,
по два дена отидовме да видиме каде тече, пошто се става флуоресцентна течност, која се гледа со адекватни наочари, потоа го собра цел фреон назад во машина, ги смени Салка цевките и гумичките, како и пресостатот,
а се покажа дека најголемо течење имаше од пресостатот, повторно отидовме во Интерфриго и повторно го наполнија цел систем со 550 грама фреон. Сега функционира супер климата.
Следна фаза е наредната недела да ја напуниме мојата 147-ца, пошто и фали сигурно 30% од фреонот.
Ова го заклучивме пошто, компесорот и вентилаторот на хладњакот се вклучуваат а нема доволно ладен воздух во кабина.
Излезната температура мерена во централниот дел на вентилацијата беше по полнењето на неговата кола помеѓу 8-10 степени, што е одлично.
Мислам доволно опширно ви објаснив за процедурата.