Летово климата откажа за првпат после 3-4 години колку што ја имам колата.
Бев до кај Цеко (Ауто Клима), го чепнаа малку вентилот и иста приказна како кај Веле, 2000ден фреон и боја и секое наредно полнење е бесплатно додека не се најде проблемот, али кај мене без фискална, демек имало камери, мада не ми беше битно.
Се враќам после една недела, на контрола како што се договоривме и сеуште климата си работи како што треба.
Ја отвараат хаубата и претставата почнува... почнаа да зборат дека сешто има од увоз, дека од секоја гумичка диши, дека цевката од компресор до кабина целата е изгниена и од секаде дише итн.
Зборејки ми дадоа да видам и јас, и стварно, боја насекаде, на секоја гумичка и цела цевка обоена.
Чаре, 6000ден заменски делови и работна рака, дека требало браник да се вади, ладилник... за да се извади и смени цевката, со изговор дека не се они криви што VW така ги направиле.
И ок, викам сега нема шанси да ја оставам колата пошто имав некои обврски таа недела, ќе дојдам другата недела ќе се договориме.
Си одам дома, си викам ако е таква работата ако сите гумички и цевчиња се изгниени, тогаш што останува со другите гумички и цевчиња низ колата, треба и тие да се изгниени и почнав да размислувам дали воопшто да ја правам.
Си одам за Гевгелија после 2-3 дена (сеуште имам клима), му го кажувам ова на еден другар, ми вика ако сакаш, ама има еден тука во близина нека ја погледне.
Одам, ја оставам и не му кажувам ништо, се враќам за два саати и ми вика дека сменил вентил и кабински филтер и наполнил фреон, сето тоа плус работна рака кошта 2400ден.
Она што се било обоено наоколу било од вентилот што пуштал боја под притисок од 16 бара и плус многу боја ставиле. И кога му го кажав муабетот од погоре, се прсна од смеа.
Од тогаш помина повеќе од 1 месец и јас уште имам клима исто како од првиот ден.
Намерно не пишав одма, сакав да почекам да видам што ќе се деси.
Ете тоа е моето искуство со Ауто Клима и како ќе си ја продадев колата за безвеза, да не побарав второ мислење.