точно... мене во дог ми го направија тоа... за 100 грама поише фреон турено (по грешка) климата го правеше тоа.. има сензор за надпритисок, кој исклучува, кога ке загрее.. исклучува побрзо одошто треба... се вратив одма, пак проверија и испадна дека има вишок...
забуната знае да се деси, кога ги отчитуваат параметрите од ливчето залепено на кола, а не од компјутерот, затоашто тоа ливче (налепница) има податоци за повеќе возила и сите се тука некаде со количина, ама различни се...
Абе јас отидов кај ДОГ мислејќи дека неам фреон. Ја проверивме цела, дали тече, дали нешто ова она...10-тина грама само дополнавме.
Меревме на излез ...14 степени на LO(w). Направивме и дијагностика. Се беше во ред.
Тапа работа.
Претходно имав забележано кога беа оние големите жештини во јули, во сред град, а надвор кренеше 40 степени...исклучуваше ако стојам во место.
Исклучи ја, повози малку, уклучи ја ...работи. Како да требаше да одмори.
Се консултирав со Жаре, и тој не знаеше точно што можи да е , па двата заклучивме дека има некоја референтна температура на компресорот шо ако се постигни, системот се заштитува и исклучува.
Пред некој ден на отворено ми го направи ова дур возев 140...па поминаа 10-тина минути и после се поправи и као нишо да не се десило. На враќање ...4-ца, товарена пред Скопје исклучи па после проработи.