Со Меганот ми се случи слична работа.
Пуштам клима на прва пролетна вруќина, не лади но компресорот работи. Ја наполнија со фреон и боја, цело лето не попушти. Наредна година на прва вруќина, ни ладење, ни компресор. Гледаа траги од боја, не можеа со сигурност да утврдат, као имало мали траги uv боја на едно место кај компресорот ваљда, имало некоја гумица или нешто налик, да се смени, и ме пратија кај Митревски да ја заврши таа работа и убаво да разгледа.
Таму исто така не видоа ништо, но јас инсистирав да ја сменат таа "гумица". Ја извадија и ме убедија дека џабе ќе ја менуваат, дека си е во ред. Ја вратија истата, стегнаа све, наполнија фреон и ув боја, и кога повторно ќе испушти фреон да се вратам да утврдат од каде тече.
Наредни 3 години не испушти фреон, и си отиде кај друг сопственик
Што бил проблемот во тие 2 сезони, не се знае
Поентата ми е, нека проверат убаво кај сите споеви, цевки, црева и што ти знам, најлесно е да се каже нов дел.