Здраво дечки ја повеќе читам него што пишувам ама сега имам проблем па ако може некој да ми помогне. Се работи за Astra H 1.7 cdti од 2004 година. Ја купив во Ноември и досега не ми требало клима али секогаш кога ќе сум ја пуштел не ладеше доволно. Ја однесов кај пријател и уствари виде дека климата е скроз исклучена под хауба, значи не поврзана. Ја поврзавме и сменивме и фреон и почна да лади одлично.
Ама откако тоа се направи потрошњата на колата се зголеми од 6 на 10 во литри во просек а не ни ја ни вклучив климата неделава пошо не беше топло. Денес правев некои тестови со поврзана и неповрзана клима, во втора брзина кога давам гас со поврзана клима компјутерот покажува 25l потрошња, а без клима 10l. Значи огромна разлика.
Има некој идеја до што може да биде? Мислам дека и копчето за да уклучиш клима и исклучиш не функционира.