Другарка што вози Мазда 2, произведена 2008-ма година, пред неколку месеци имаше прилично добра сообраќајка со колата, при што колата претрпе значителна штета. Во отсуство на официјален сервис, ја даде колата во неофицијален сервис за средување.
По неколку недели, колата и беше вратена, наводно средена. Другаркава слушнала некое недефинирано тропкање (и било кажано дека е од лагер на амортизер), и ја однесе денес во новиот сервис на Мазда на проверка.
Колата е проверена од почеток до крај, и идентификувани се следните дефекти:
- Отиден лагер на предно десно тркало.
- Отиден лагер на преден десен амортизер.
- Отиден буфер на преден десен амортизер.
- Искривен преден десен бандаж.
- Искривена предна десна вилушка (предното десно тркало е цели 2цм поназад од предното лево).
Срамота е за тие што ја „поправале“ (ќе потврдам уште еднаш која точно фирма) колата по сообраќајката, кои и ја вратиле колата „исправна“ и „поправена“. Ова не се несериозни дефекти.
Од друга страна, многу сум позитивно изненаден од новиот сервис на Мазда. Ја расклопија и ја склопија денес колата (колку да може да ја извози до дома), ги идентификуваа проблемите, не земаа пари и за многу прифатлива цена ќе ги набават деловите кои се потребни (а не може да се најдат во Скопјево, баравме) за да се среди и да биде колата како што треба.