Чим во фабрика предвиделе со фланша, веројатно не е доволно самото триење па ставиле и фланша. Но во праксата сум видел коли кои 10 години возат афтермаркет штрафови и бандаши кои не лежат на фланшата, па немаат проблеми. Сум видел и скинати штрафови и кај бандаши кои лежеле и кај бандаши кои не лежеле на фланшата.
Најпрвенствено исправноста и трајноста на штрафовите зависи од тоа како се стегани самите штрафови, а втора е фланшата.
Пошто мене ми е некако нелогично да нема. Колку што има движење меѓу фланшата и отворот на бандажот, сигурно толку има и меѓу штрафовите и дупките за штрафови. За идеално да биде држењето и носењето на тежината, мене барем ми е логично да ги има и двете.
Сосема убаво рече во овој дел. Триењето одокативно е доволно за 95% од времето кое што се вози колата, иако фланшата не е до толку неопходна (пошто лично имам видено примери со по 10+ години без фланша и скинат штраф), сепак е убаво да се има. I'd call it peace of mind.

Постојат примери каде што воопшто нема нема фланша: опелот на Фило, поради специфичноста на самите бандаши, фланшата не врши никаква улога, иако е Опел, сепак...

, камионски и автобуски тркала, трактори и слично.