Почна изградбата на автопатот Кичево-ОхридДенес со пригодна свеченост кај селото Извор кичевско, беше одбележан почетокот на изградбата на автопатот Кичево-Охрид

На свеченоста присуствуваа Премиерот Никола Груевски, Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, голем број министри, директори на јавни претпријатија и пратеници.
Додека од кинеска страна на свеченоста присуствуваше Амбасадорот на Република Кина во земјава, Циу Џи Веј, директорот на компанијата„ Синохидро корпорејшн лимитед“ што ќе го гради автопатот Зеинг Синг Јанг, градоначалниците на Општините каде што ќе минува автопатот и многу други гости.
- Денес 22-ри февруари е голем ден, историски ден за овој дел од земјава, бидејќи започнува изградбата на автопатот кој ќе придонесе регионот што побрзо да се развива, ќе го зголеми интересот на странските инвеститори, а ќе порасне и бројот на туристите кои ќе го посетуваат охридско-струшкиот регион. Инвестицијата за овој автопат изнесува 375 милиони евра, должината на делницата е 57 километри а просечната ширина на коловозот ќе биде 25,2 метри. Според договорот автопатот треба да биде изграден за 45 месеци. Покрај овој патен правец во исто време го градиме и автопатот Скопје-Штип, така што по цели 50 години во Македонија започна повторната изградба на најсовремени европски патишта- рече меѓу другото Премиерот, Никола Груевски.
LosiPatista