Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 691543 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15123
  • Пудингот на шоферството
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #435 на: 22 Јули 2013, 23:09:24 pm »
За 10 години ќе ги имаме најубавите патишта на балканот!

Ова као имаш некои сознанија дека ќе ги надминеме Хрватска и Словенија во квалитетот на патиштата са САМО 10 години (пошто они ќе дремат, не прават ништо)?

Па нас Албанија ќе не престигне. Земја која пред 5 години немаше ништо од патишта сега е главна траса Македонија- Црна Гора. Косово веќе тера турбо. Иако се сомневав дека овие две ќе ни се приближат, и рака на срце не се ни новите сработени делници на нивото на оние во хрватска, заборавив на нашиот кашацитет на „неинфаструктурирање“ па нема да е тешко да надминат така ниски стандарди што ги поставуваме редовно.

Оди види ја обиколницана цела со „басени“ и само чекам некоја од оние канделабрине што не светат да се одронат од р'ѓа.

А тек возовите што ЌЕ летаат (идно неопределено) 120 km/h ЕЕЕЕЕЕЈ!

Хрватска вложи околу 2 милијарди евра во автопатишта,а Македонија од нејзиното осамостојување до ден денес нема вложено толку во сите инвестиции собрани заедно.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4117
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #436 на: 22 Јули 2013, 23:14:22 pm »
Ма на секој со здрав ум му е јасно. А Хрвтска нема да застане, јасно е дека таа инфраструктура носи пари. Ние сакаме туристи да дојдат кај што нема ни „ќенеф“ а не пат.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15123
  • Пудингот на шоферството
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #437 на: 22 Јули 2013, 23:16:20 pm »
Да не прерасни муабетот во политички,незнам колку е и силата за вложување.Фала Богу дека многу работи кои се направија требаше да не се направат,туку да се насочат во друго,но и многу долго време не се правеше ништо па мислам дека немам сила да направиме некој бум.Шо знам,можеби па имаме.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4631
  • Passat B8
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #438 на: 22 Јули 2013, 23:22:05 pm »
Hehe ova muabetov da ne ispadne deka imame sila samo da sadime vrbi u Vardar  ;D
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #439 на: 22 Јули 2013, 23:23:23 pm »
Конечно најдов мапа. Ако е точна воопшто



Црвената линија е главниот пат што ќе се гради до сопиште. Патот ќе почнува од третиот лак одма после прв паркинг, па ќе иде преку горниот дел од Лути Дол (овде има многу работа, мостови динамит), па околу ридот под Марково Крувче (и овде има многу работа, ридот е многу стрмен).

Ќе ни ја пресечат пензионерската патека  >:(. Нема многу шума на оваа делница, ама има многу стрмни карпи и е многу тешка за градење. Само да не им текне да си направат нова населба околу новиов пат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #440 на: 22 Јули 2013, 23:26:03 pm »
Затоа и би се правел таков пат.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4117
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #441 на: 22 Јули 2013, 23:26:57 pm »
Не сум јас ниакде во политика закопан, не се работи за политички препукувања едноставно е дека работите не мрдаат. Најбанален пример ти се плаќањата со картички на автопат. Последни сме во регионот на бившата наша што воопшо се обиде да направи плаќање со картичка на автопат. И што направија? Авторизација со ПИН?!?! Поголема глупост немам видено никаде. Не знам дали е ова полошо или она што ги накрадуваа со девизите.

Значи има мал милион места за подобрување на инфраструктурата за поефикасно искористување и подобрување ама ... го нема подобрувањето. Не се праашувате каде се Турците што секоја година мигрираа од Германија да си ги покажат новите Мерцедеси? Епа непоминуваат веќе кај нас. Од кај Ниш накај Бугарија и дома. Ај ние што потонавме, него и Мотел Предејане ќе пропадне ради нас :D

И сега гледам изјави овде од типот „за 10 годни ...“

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #442 на: 22 Јули 2013, 23:28:55 pm »
Веројатно ако нема картичката чип, треба да се потпишеш на слипчето внатре во наплатната куќарка ;D ;D ;D
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4591
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #443 на: 22 Јули 2013, 23:32:29 pm »
^кој го смисли тоа треба стрелање на плоштад

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7791
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #444 на: 23 Јули 2013, 04:28:19 am »
За 10 години ќе ги имаме најубавите патишта на балканот!

не знам што користиш, ама сподели со сите во името на карклуберскиот дух...

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6213
  • 69
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #445 на: 23 Јули 2013, 07:58:38 am »
E^ате тоа простата народна маса...Ме вади од такт тоа што секој месец се менуваат улиците у посраниов ни град, и нит можеш да се снајдеш, нит бутур...
ГАД народ, гад држава...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #446 на: 23 Јули 2013, 10:51:55 am »
И што направија? Авторизација со ПИН?!?! Поголема глупост немам видено никаде.

Тоа е стварно тежок идиотизам. Ко некој да ќе украде картичка за да плаќа патарини со неа.

Во Шпанија и Франција само проаѓаш со отворен прозор и раката со картицата надвор, со мала брзина (во втора, без застанување!) проаѓаш покрај сензорот, рампата 10-тина метри пред тебе се крева и шибаш. Нема апсолутно никаков застој.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4117
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #447 на: 23 Јули 2013, 11:03:10 am »
И што направија? Авторизација со ПИН?!?! Поголема глупост немам видено никаде.

Тоа е стварно тежок идиотизам. Ко некој да ќе украде картичка за да плаќа патарини со неа.

Во Шпанија и Франција само проаѓаш со отворен прозор и раката со картицата надвор, со мала брзина (во втора, без застанување!) проаѓаш покрај сензорот, рампата 10-тина метри пред тебе се крева и шибаш. Нема апсолутно никаков застој.

За таму не сакам ни да се обидам да споредам. Го гледам балканов што ќе го престигнеме за 10 години.

Да не се обидуваме понатака да размислуваме за оние методи каде домашни корсиници/транспортери/превозници/разнесувчи/ентузијасти што секој ден патуваат до работа и сл.  си плаќаат претплати и само шибаат низ посебен премин или недај боже да има наплатни само на излез а не на секои 15 км пат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #448 на: 23 Јули 2013, 11:11:06 am »
Винјет за домашно патничко возило 1000 денари за 6 месеци.
Винјет за странско возило 15еур за 15 дена.

Ама треба пат за да го наплатиш ова. А ние немаме пат. Затоа никој не поминува низ МК веќе, туку си одат низ Бугарија. Или низ Грчка.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4117
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #449 на: 23 Јули 2013, 11:17:05 am »
Винјет за домашно патничко возило 1000 денари за 6 месеци.
Винјет за странско возило 15еур за 15 дена.

Ама треба пат за да го наплатиш ова. А ние немаме пат. Затоа никој не поминува низ МК веќе, туку си одат низ Бугарија. Или низ Грчка.

Предејане го сјебавме на онаков кајмак со лепиње :)