Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 631388 пати)

Присутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3954
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4020 на: 15 Ноември 2025, 09:14:17 am »
Делумно се согласувам и со двајцата. Јас немам проблем да има сообраќај во Центар, ако има каде да се паркира. Фирми што имаат сопствени паркинг места, нека тераат. Ама на пример достава на роба во маркети, итн, треба да биде ограничена до 06:30 наутро. А не кај Максим Горки да блокираат сообраќај поради достава во Тинексот во 07:15.

Плус, сè додека повеќето бизниси и целата државна администрација се концентрира во еден дел од градот, нема да има решение. На луѓето им треба да одат во Центар, не дека сакаат. Ама ги носи работа, ги носат обврски. И за жал со бедниот јавен транспорт, скоро и да нема друга опција освен кола.

Еве на пример, може и со точак. И се стига релативно лесно. И да речеме дека ми треба да отидам во Центар и да завршам обврски на 4-5 различни места и реално, точак е супер опција за тоа. Ама кога ќе стигнам во Центар, нема безбеден и обезбеден паркинг каде да го оставам и да не ми го украдат. Дури би платил за тоа.
Така де маркетите ке отвараат од 03:00 а дистрибутерите ке почнуваат со работа од 01:00 ... Каков муабет....

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Присутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4021 на: 15 Ноември 2025, 09:20:31 am »
Зона без автомобили во Скопје треба да е реонот околу Плоштад Македонија/Рекорд. Не може пола град да го направиш со забрана за автомобили а особено не па делот околу Нова Македонија.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 872
  • The best or nothing.
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4022 на: 15 Ноември 2025, 09:38:30 am »
Како јас да отидам до канцеларија да товарам компјутери, како да идам до магацин да товарам, лесно е пиши да се забрани па на рикши ќе ги носиме.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30194
    • CARclub.mk
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4023 на: 15 Ноември 2025, 09:52:58 am »
Делумно се согласувам и со двајцата. Јас немам проблем да има сообраќај во Центар, ако има каде да се паркира. Фирми што имаат сопствени паркинг места, нека тераат. Ама на пример достава на роба во маркети, итн, треба да биде ограничена до 06:30 наутро. А не кај Максим Горки да блокираат сообраќај поради достава во Тинексот во 07:15.

Плус, сè додека повеќето бизниси и целата државна администрација се концентрира во еден дел од градот, нема да има решение. На луѓето им треба да одат во Центар, не дека сакаат. Ама ги носи работа, ги носат обврски. И за жал со бедниот јавен транспорт, скоро и да нема друга опција освен кола.

Еве на пример, може и со точак. И се стига релативно лесно. И да речеме дека ми треба да отидам во Центар и да завршам обврски на 4-5 различни места и реално, точак е супер опција за тоа. Ама кога ќе стигнам во Центар, нема безбеден и обезбеден паркинг каде да го оставам и да не ми го украдат. Дури би платил за тоа.
Така де маркетите ке отвараат од 03:00 а дистрибутерите ке почнуваат со работа од 01:00 ... Каков муабет....

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk



Ова го приметив на некоја презентација кога бев. Ранобудник сум, па се разбудив рано, пијам кафе во соба во хотел и гледам раздвижено со комбиња уште рано-рано. Ги прашав локалците што е приказната и ми рекоа дека достава до маркети е во ограничен временски период.

И придобивките се огромни. Прво, се намалува гужва и застој, особено во шпиц периодите. Поради тоа, се намалува и бучава и загадување. Од друга страна, доставувачите работат многу побезбедно и со помалку стрес и во значително помалку (односно скоро ич) гужва. Секако, дополнително се платени и имаат екстра бенефити поради работното време.

Од друга страна, маркетите си имаат задолжен персонал кој работи во тој период од денот за да ја прими робата. И е соодветно платен.

И стварно не гледам проблем со ова. Ич не ми текнува во кој град беше. Мооооожно е да беше во Мадрид или во Барселона, ама стварно не ми текнува, не ме држи за збор.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34340
  • Таков е животот... јебига
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4024 на: 15 Ноември 2025, 11:56:33 am »
И стварно не гледам проблем со ова. Ич не ми текнува во кој град беше. Мооооожно е да беше во Мадрид или во Барселона, ама стварно не ми текнува, не ме држи за збор.

Во секој нормален свет е така. Во Виена на пример се работи во скоро сите продавници во две смени. Прва смена е од 05:00 до 12:00 и работат 7 саати. Втора смена е од 12 и работат до 19:30 или 20:00. Во прва смена мораат да завршат до 7 или до 6:30 со дистрибуции. После 7 не ни смеат камиони да се движат низ градот а не па да паркираат и истовараат.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6323
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4025 на: 15 Ноември 2025, 12:16:41 pm »
Во Германија не е така, барем каде што живеам. Доставувам јас во 12ч, доставуваат уште 4 камиони во Едека, а магацинот им е на паркингот со коли каде што совира 10 коли, како муштерија не може да се паркираш и да пазариш тогаш, едноставно нема место.

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 123
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4026 на: 15 Ноември 2025, 12:55:12 pm »
Дури и кога ќе се реализира ова со БРТ луѓето пак ќе претпочитаат да се возат „како паша“ во кола. Особено со мали деца не би сакале да се бутаат во автобусите. Пак ќе биде гужва ако не го комбинираат со зони, глоби и намалени паркинг места. Само тоа (делумно) функционира кај нас. Сите го фалат јавниот транспорт на Токио но кај нас менталитетот нема да ни дозволи како сардини да се пикаме кога може комотно во кола.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30194
    • CARclub.mk
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4027 на: 15 Ноември 2025, 13:22:00 pm »
Кај нас се гледа кон јавен превоз како кон нешто испод нас. Како да е срамота да се возиш со автобус. А тоа во голем дел е поради никаквиот јавен превоз. Да се автобусите чисти, редовни и комотни, многу луѓе би оделе со автобус наместо со кола. Во многу случаи, со автобус би се стигнало побрзо, а да не праиме муабет за тоа дека не би се замарал ни за паркинг, ни ништо.

Ама ете... Кај со кола сакаме секаде, па уште ако може и да паркираме на не повеќе од 20 метри од локацијата каде одиме. И бесплатно да биде.

А од друга страна па, имаме вакви небулози. Ова е регулиран паркинг, резервиран за резиденти.


Присутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3099
  • Слобода или смрт
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4028 на: 15 Ноември 2025, 13:48:26 pm »
Толку години во софија ептен ретко ми се десило со кола да идам до центар.
Со метро знам дека за 15 минути фиксно сум во центар. Цената смешна 40 денари возење 100че дневна карта.
Дури и оние што доаѓаат од другите градови имаат баферни паркинзи на влезовите од каде што директно се качуваш во метро и ако земеш дневна карта паркингот ти е бесплатен.

Отсутен shelby

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 123
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4029 на: 15 Ноември 2025, 14:04:38 pm »
Цитат
Кај нас се гледа кон јавен превоз како кон нешто испод нас. Како да е срамота да се возиш со автобус. А тоа во голем дел е поради никаквиот јавен превоз.

Не би рекол дека е само заради квалитетот на јавниот превоз. Повеќе е заради првото. Заради османлискиот менталитет, тоа што понижително им е да се возат како „рајата“ во автобусите. Ќе се возам бе во кола на климатизирано како господин шо ќе се бутам таму со нив. Па уште да ме види некој познат како сиромав во автобус нема шанси. Тешко ќе ги натераш луѓето да се откажат од комфорот и слободата која ја нуди автомобил. Се надевам не сум во право... ама кога БРТ би ги растеретил лентите за возила, тој простор едноставно ќе биде исполнет со други возила.
« Последно менување: 15 Ноември 2025, 14:18:29 pm shelby »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30194
    • CARclub.mk
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4030 на: 15 Ноември 2025, 15:15:51 pm »
Дури и оние што доаѓаат од другите градови имаат баферни паркинзи на влезовите од каде што директно се качуваш во метро и ако земеш дневна карта паркингот ти е бесплатен.

Кога еден поранешен градоначалник на Скопје го предложи ова, го распнаа по портали и социјални мрежи дека „ќе го затварал Скопје за луѓе од другите градови“. Ама кај нас е нормално да се хејта и да се напаѓа секоја идеја, само заради тоа што доаѓа од Другата Партија. И за жал, идејата остана само идеја.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7275
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4031 на: 15 Ноември 2025, 15:32:53 pm »
Од Бардовци детето се носи у школо у Центар, од Соње детето се носи у градинка у Центар, па имало гужва, БТР ќе ја решел .. К ќе ја реши.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9005
  • Пичлеме
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4032 на: 15 Ноември 2025, 16:02:11 pm »
Јас сега по социјалните мрежи се бунам оти ми ее ускратена слободата на фрлање на ѓубре в контињер после 10 навечер, а замисли да ми забранат со Аудито да се шлам низ центар!
А ова со ѓубрево, јас сТварно не сВаќам како можи некој да ми забрани да го фрлам ѓубрето од ко ќе ги изгледам турските серии, то ми е најомилено време за фрлање на ѓубре!

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7324
  • French diamond
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4033 на: 15 Ноември 2025, 17:36:20 pm »
Wtf, стварно има таква забрана ? Ќе ги заклучат контејнерите или како ?   ;D

Едит : сега прочитав, стварно е така, лудила.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6945
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?
« Одговори #4034 на: 17 Ноември 2025, 10:19:41 am »
А кој ќе казнува, комуналната полиција?