На многу места во државава има знаци кои се со премали ограничувања, а некогаш нема потреба да бидат толку ниски (како на пример тунелите од Катланово накај Велес кои имаат 60 ограничување). Тука може побрзо да се вози без ризик и никакви последици.
Тоа сакав и јас да го кажам.
Катланово-Велес кој се води како автопат, за кој плаќаме и патарина, кој има две ленти без лента за застанување има во најголемиот негов дел ограничување од 70 км/ч
Исто такво ограничување има и стариот пат Штип-Кочани, двосмерен пат со ризик од трактори да излегуваат.
Второ, Тетово-Гостивар кој исто така е иста конструкција како Катланово-Велес, две ленти без лента за застанување, 80 ограничување, а се води автопат.
Новиов експресен пат со оние глупи проширувања што доаѓаат наеднаш, 100 е ограничувањето на тие проширувања.
И тука се зборува за знаците, за ограничувањето, имало 40 знак.
Треба и тие што одлучуваат за патната сигнализација кривично да одговараат оти неспособни се да ги прилагодат брзините онака како што треба, кај ке им текне ставаат знак 60, 70, чисто онака, вероватно на ливчиња свиткани и како на лото бираат, што ќе извлечат како бројка таква ке стават.
Нов автопат кон Охрид пуштаат, го градат 15 години, се фалат не знам какви современи методи, ставија 100 ограничување.
Ајде ви се молам, порано и јас коа не возев толку, ама сега кога ги поминав сите патишта, и коа ги видов сите знаци како се онака ставани, онаму према Делчево на 20 метри правец дозволено престигнување, а ваму Градско-Дреново 1.2 км долг правец забрането престигнување.
Толку од знаците, стојат само за украс најреално кажано.