Лош е од Стража накај Охрид, има бранови на неколку места и издигнатини. Лани на враќање од Охрид, еден со спуштено Audi A3 што возеше пред мене му закачи јако негде под мотор, летнаа искри и го излизга во спротивната лента. Среќа немаше коли од таму па успеа да спаси глава и да се врати во лента.