Би сакал да дадам еден апдејт на старо-новиот пат за Прилеп, бидејќи редовно возам релација Скопје - Прилеп.
Еден мал милион пати го начекав додека се правеше, за време на гребење на стариот асфалт, додека ги имаше дупките, па off-road изигравав со оштетена предница, па новиот асфалт на една лента и регулација со семафорчиња, за на крај конечно full да го пуштат во употреба месецов, со означени ленти, со све.
Дефинитивно се стига побрзо, асфалтот е добар (засега), не слушам да ми тропа некоја виљушка

Споевите со мостовите се супер, минимално се сеќаваат и нема тргни-застани за да продолжиш на трите ленти за качување на Плетвар, веќе имаш „залет“. Трите ленти нагоре по Плетвар си се истите, нема промена.
Нешто што за брзо би можел да очекувам е да се формираат „шини“ од сите тешки товарни возила кои мора постојано да кочат при слегување надоле (Прилеп -> Градско), јер тоа е единствен главен пат што го поврзува пелагонискиот дел со автопатот.