Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Владата на Република Северна Македонија на седница ја разгледа и усвои Информацијата согласно која е донесена Одлука за висината и начинот на наплата на надоместот за употреба на пат – патарина.Одлуката се донесува заради воведување наплата на патарина на новите автопатни правци Демир Капија – Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе и Свети Николе – Штип, како и заради можноста за електронска наплата на патарината со електронски бесконтактни смарт-картички и со билети за ненаплатена патарина со налог за плаќање.
Не е пуштен официјално, треба на 2-3 места да се припази дека има ставено знаци (стрелки) за исклучување, но тргнати се земјените барикади. За враќање Скопје - Штип има барикада (барака) на директното исклучување после патарината, па мора да се продолжи накај Куманово, да се качиш на надвозникот кај Окта, да се спуштиш назад по истиот автопат и да се исклучиш накај Штип (исто како што некој би се исклучил што би возел Куманово - Штип).@МАРЈАН - Околу 40 мин, но сабајле се истури по патот, па возев претпазливо и бааги под дозволената брзина од 130км/ч. Мемоарите за еден автопат… (превземено од Plusinfo)17 АВГУСТ 2018 Сугаревски: Нашите очекувања се дека до 30 септември овој автопат ќе биде комплетно завршен и пуштен во употреба. 17 СЕПТЕМВРИ 2018 Сугаревски: Крајниот рок беше 30. септември, согласно временските услови кои што беа ќе има многу минимално пролонгирање. Градежните активности очекуваме дека во наредниот месец, до средината или крајот ќе бидат комплетно завршини. 18 ОКТОМВРИ 2018 Сугаревски: Оваа автопатска делница е во финална фаза, ќе биде готова за месец до месец и половина. 9 ЈАНУАРИ 2019 Заев: Автопатот Скопје – Штип ќе биде пуштен до крај на месецов. 11 ЈАНУАРИ 2019 Китанов: Очекувам крајот на месецов автопатот да биде пуштен. 4 МАРТ 2019 Анѓушев: Автопатот ќе го пуштиме неделава. 6 МАРТ 2019 Сугаревски: Моментно се работи на два автопата и тоа Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип што ќе биде пуштен во употреба во текот на оваа седмица. 13 МАЈ 2019 Китанов: Автопатот Штип-Миладиновци ќе биде пуштен за 10 до 15 дена. 16 МАЈ 2019 Сугаревски: Автопатот ќе биде пуштен до крајот на месецот. 28 МАЈ 2019 Сугаревски: Не би сакал да шпекулирам кој ден ќе биде пуштен во сообраќај, но до четврток, петок, ќе биде пуштен. 1 ЈУНИ 2019 Сугаревски: Овие денови тој ќе биде пуштен во употреба, да не фиксираме датум, ама овие денови.
Пред 2-3 недели поминав од тука имаше остатоци од камион кој со полна брзина се збрцал во овие бетонските, се запалил и изгорел цел. Обележување нема освен една табла (ПАТАРИНА 500м) урасната во дрвата која едвај се гледа. Среќа во моментот кога поминував имаше шлеп служба, пожарна и полиција со вклучени рото светла иначе имаше шанси и јас да се збрцам во истите. На враќање е сликано ова, веќе знаев каде е па со време намалив.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Цитат: Molec на 04 Јуни 2019, 13:59:02 pmПред 2-3 недели поминав од тука имаше остатоци од камион кој со полна брзина се збрцал во овие бетонските, се запалил и изгорел цел. Обележување нема освен една табла (ПАТАРИНА 500м) урасната во дрвата која едвај се гледа. Среќа во моментот кога поминував имаше шлеп служба, пожарна и полиција со вклучени рото светла иначе имаше шанси и јас да се збрцам во истите. На враќање е сликано ова, веќе знаев каде е па со време намалив.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)Дека поточно?
И на никој не му текна да СПОМНЕ за тоа вињети/картичките електронски? Што, како ќе биде работата? Годишни, цена?