Автор Тема: Каква е состојбата на македонските (лоши) патишта?  (Прочитано 715897 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45035
  • Il Moderatore
За време викенди и празници ;D
Во петок попладне и недела приквечер поточно :)
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2834
За време викенди и празници ;D

Очигледно не знаеш дека цела источна Македонија сега оди преку Штип - Велес - Скопје. Со професоров од линкот под рака и да стоите кај Сарамзалино/Лозово да броите...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
За време викенди и празници ;D

Очигледно не знаеш дека цела источна Македонија сега оди преку Штип - Велес - Скопје. Со професоров од линкот под рака и да стоите кај Сарамзалино/Лозово да броите...
Влечам потекло од тој крај...
Прочитај неколку поста претходно да не се повторувам :)

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7141
  • Бенве сие бенве
За време викенди и празници ;D
Со добра кола св николе Скопје ќе биде пат околу 20мин без патарина, Штип 30. За што некој да плаќа скапа кирија во Скопје кога може да си живее во својот дом и да работи за подобра плата.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2834
За време викенди и празници ;D

Очигледно не знаеш дека цела источна Македонија сега оди преку Штип - Велес - Скопје. Со професоров од линкот под рака и да стоите кај Сарамзалино/Лозово да броите...
Влечам потекло од тој крај...
Прочитај неколку поста претходно да не се повторувам :)

Абе ти може влечеш потекло, ама јас сум од Штип. А работам во Скопје, патувам секој ден.

НЕ знаеш колку проток има на сообраќај, глупостите од професорот погоре се баш тоа - глупости. Ќе биде еден од најкористените патишта (пази - патишта, не автопати) во Македонија.
Па еден регионален правец како Кочани - Штип е хаос, не за џабе решија да го прават експресен. Што останува кога сите клучки од Делчево/Пехчево/Македонска Каменица/Берово/Кочани/Виница/од една страна и Струмица/Радовиш се спојуваат кај Штип (Три Чешми). И тој експресен што го прават Радовиш - Штип е полн погодок. Да не претерувам, ама дупло ќе се скрати патот Струмица - Скопје/Куманово.

А колку камиони/возила за достава на стока/материјали/роба од/до источна МКД секојдневно транзитираат преку Велес...

Веќе неколку познаници размислуваат да се вратат дома и да патуваат за Скопје, а сега даваат пари за кирија, да не зборам колку е животот поскап во Скопје. И не е само Скопје, автопатот страшно го забрзува излезот до Куманово, а со тоа и до Србија. Moментално Штип (а со тоа и цела источна Македонија) има три можни (и мизерни опции) за Куманово: кружење преку Скопје, мизерен пат преку Св. Николе и уште помизерно кружење преку Кратово.

Шпедициите од источна МКД што мислиш од каде ќе возат? Србија им е излезот за запад, ако мислевте дека досегашното одложување на автопатот е заради заштитна мрежа или нерешени приклучни патишта - think twice. Грдни пари изгубија од патарини за тие неколку дена колку што беше пробно пуштен. Под притисок на јавноста се решија сега да го пуштаат.  Запримети како во секоја изјава поврзана со автопатот ја спомнуваат изградбата на патарините.  Да можат утре ќе ги отворат затоа што знаат дека лежи златна кокошка. Колку време Демир Капија - Смоквица нема/немаше патарини? Губеа и таму пари, но не како тука, затоа и брзаат да ги склопат.
« Последно менување: 29 Мај 2019, 09:15:17 am balanar »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одлично си ја опишал состојбата.
Самиот си кажуваш каде требаше да има приоритети, па дури потоа да се прави автопатот.

Да се потсетиме, Штип-Велес експрес, Велес-Скопје автопат, не е толку лошо.
Недостига Скопје-Велес автопат кој е многу поважен и пофреквентен.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2834
Од Не е толку лошо до Одлично има огромна разлика. Да не се лажеме, Штип - Миладиновци - Скопје е одлично решение. Ако ти фали Скопје - Велес автопат (?? ова не ми е јасно) ќе видиш како ќе падне фрекфентноста минимум за 5 пати на веќе постоечкиот.

За каков експресен збориме, за истиот експресен што го возат дебили што не се тргаат на десно, мислејќи дека ќе ги казнат ако возат по најдесната лента... Плус што забораваш дека експресниот пат не почнуваше од Штип, туку од Кадрифаково.

Нема споредба ниту во време, ниту во леснотија на патување од тој експресен до овој автопат. Баш беше приоритет и уште е. Другите експресни патишта што се прават кон него само ќе му додадат на вредност. Не можеш да правиш експресни патишта од Кочани и Радовиш до Штип, а кога ќе стасаш до Штип да заглавиш на обичен регионален пат со две ленти на кои возеа и ќораво и сакато (пред да го направат автопат кон Кадрифаково). Ми звучиш на butthurt, а не знам зашто. Исто како јас од Штип да земам да се бунам зошто правеле автопат Кичево - Охрид, а ниту знам секојдневно кој е протокот моментално таму, ниту кои би биле придобивките.

По твојава логика не требаше ни Демир Капија - Смоквица да го направат. Ќе си возеа луѓето преку Белов на скара и тоа е тоа.
« Последно менување: 29 Мај 2019, 10:23:04 am balanar »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Гледам како од петни жили оправдуваш нешто бидејки ти одговара и немајки аргументи почнуваш да лепиш етикети.

Како што напишав пред неколку поста, не сум против тој автопат, одлично е.
Поприоритетно е Катланово-Велес и пристапот до Штип од источниот регион.

Хауг ;D

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2834
Гледам како од петни жили оправдуваш нешто бидејки ти одговара и немајки аргументи почнуваш да лепиш етикети.

Не ми треба аргументи за нешто што го гледам секојдневно со свои очи, за разлика од "имам потекло од таму...". На дланка ја знам фрекфентноста на сите поглавни патишта во источна МКД и колку од нив се упатуваат за Скопје, Куманово или западна Македонија. И знам какво олеснување ќе биде автопатот за сите. Познавам луѓе што од СТРУМИЦА чекаат да се отвори, не ми е поентата што јас работам во Скопје.

Еве ти реков и претходно. Застани еден работен ден во Лозово или во Сарамзалино, види колку сообраќај има и после врати се на форумов да ми кажеш дали имам аргументи или не. Или јави се во ЈП Државни патишта да ти кажат колку изгубија пари за тие неколку дена што беше пуштен автопатот.

И не ми е јасно што му фали на Катланово - Велес? Буквално никогаш не сум чекал таму. Ако сакаш да леташ 160 по кањонот - тоа е веќе друго. Да не зборам што, како што и реков претходно, фреквенцијата на истиот ќе се намали многукратно сега.
« Последно менување: 29 Мај 2019, 10:46:18 am balanar »

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7141
  • Бенве сие бенве
Гледам како од петни жили оправдуваш нешто бидејки ти одговара и немајки аргументи почнуваш да лепиш етикети.

Како што напишав пред неколку поста, не сум против тој автопат, одлично е.
Поприоритетно е Катланово-Велес и пристапот до Штип од источниот регион.

Хауг ;D
Добар си е тој автопат, има капацитет да го издржи сообраќајот наредниве 30год како што тргнало со иселување. Јас не се сеќавам некогаш да сум возел во колона по него или да имало тргни застани гужва. Сега ќе се намали фреквенцијата на повеќе од пола кога ќе се пушти новиот за истокот.

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Еднаш месечно го возам експресот...како што напиша Марјан :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2834
Еднаш месечно го возам експресот...како што напиша Марјан :)

Епа јас 23, 24 пати месечно, затоа не ми збори дека сум немал аргументи. ;)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5431
Не ми е јасно што се расправате и се дебатира за глупости. Нели е срамота една прдеж земја колкава сме да ти треба 2-3 саата да стигнеш од крај до крај, кога сето ова може да се реши со 2 автопата мање више.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Еднаш месечно го возам експресот...како што напиша Марјан :)

Епа јас 23, 24 пати месечно, затоа не ми збори дека сум немал аргументи. ;)
Нема никаква гужва, со тоа никаква економска исплатливост за автопатот, особено не кога има други приоритети.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5237
  • The Spartan General
Песто милиони евра тупнаа за ташаците на Букефал, па сеа дали бил патот исплатлив или не е муабетот.  ;D

Нека направат некој пат побрзо, оти нашите соседи успеаја да нѐ заобиколат и да нѐ направат неважни во однос на транспорт на стоки.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.