За време викенди и празници 
Очигледно не знаеш дека цела источна Македонија сега оди преку Штип - Велес - Скопје. Со професоров од линкот под рака и да стоите кај Сарамзалино/Лозово да броите...
Влечам потекло од тој крај...
Прочитај неколку поста претходно да не се повторувам 
Абе ти може влечеш потекло, ама јас сум од Штип. А работам во Скопје, патувам секој ден.
НЕ знаеш колку проток има на сообраќај, глупостите од професорот погоре се баш тоа - глупости. Ќе биде еден од најкористените патишта (пази - патишта, не автопати) во Македонија.
Па еден регионален правец како Кочани - Штип е хаос, не за џабе решија да го прават експресен. Што останува кога сите клучки од Делчево/Пехчево/Македонска Каменица/Берово/Кочани/Виница/од една страна и Струмица/Радовиш се спојуваат кај Штип (Три Чешми). И тој експресен што го прават Радовиш - Штип е полн погодок. Да не претерувам, ама дупло ќе се скрати патот Струмица - Скопје/Куманово.
А колку камиони/возила за достава на стока/материјали/роба од/до источна МКД секојдневно транзитираат преку Велес...
Веќе неколку познаници размислуваат да се вратат дома и да патуваат за Скопје, а сега даваат пари за кирија, да не зборам колку е животот поскап во Скопје. И не е само Скопје, автопатот страшно го забрзува излезот до Куманово, а со тоа и до Србија. Moментално Штип (а со тоа и цела источна Македонија) има три можни (и мизерни опции) за Куманово: кружење преку Скопје, мизерен пат преку Св. Николе и уште помизерно кружење преку Кратово.
Шпедициите од источна МКД што мислиш од каде ќе возат? Србија им е излезот за запад, ако мислевте дека досегашното одложување на автопатот е заради заштитна мрежа или нерешени приклучни патишта - think twice. Грдни пари изгубија од патарини за тие неколку дена колку што беше пробно пуштен. Под притисок на јавноста се решија сега да го пуштаат. Запримети како во секоја изјава поврзана со автопатот ја спомнуваат изградбата на патарините. Да можат утре ќе ги отворат затоа што знаат дека лежи златна кокошка. Колку време Демир Капија - Смоквица нема/немаше патарини? Губеа и таму пари, но не како тука, затоа и брзаат да ги склопат.