Што му фали на автопатот.
1. 2 ленти се премалку за модерен автопат. (Грција Солун има 4 ленти)
2. тесна 3 лента за задржување и со самото тоа и ризична.
3. И најголема мана-грешка што патот е убав но само ако се вози денски. Ноќе после 6 саат патот е без светло на 95% од делницата и многу ризичен. НЕ ми е јасно како можело вака да се направи. Дали се брзало заради избори или нешто друго незнам, но мора да се ургира за да се поправи ова и обавезно да се стави осветлување.
[/b]
А кој друг автопат ни е осветлен ? Незнам за друг осветлен автопат во нашава држава освен на некои клучки или влез на град Скопје.
Башка колку би чинело да осветлуваш 200 км автопат ? Дали во таква ситуација една патарината ќе биде 40 денари ? Или една патарина во таков случај би чинела 300 денари. Се најавија 2 патарини дека ќе има на тој автопат, цела ''експертска јавност'' на фејсбук се крена како тоа ќе било лоповлук, требало бесплатно да се возиме по патиштата. Кој тоа би го одржувал ?
Бидејки ја спомна Грција и Солун, баш проверував на гугл мапс, само обиколницата околу Солун е осветлена. Другото не е осветлено, еве сега ставам на некои места према Катерини, не гледам дека автопатот е осветлен. Ниту пак новиот автопат према Игуменица со 22 тунели не е осветлен по цела должина.
Сулуда е идејата да бараш осветлување по цела должина на автопат. Ако само обиколницата околу Солун ти е репер, тогаш погрешен ти е реперот. Тоа е само обиколница на Солун. По 10-20 години ако Солун продолжи да се шири, обиколницата би била низ средината на градот.
Еве ако ти е за инфо, и нашата обиколница е осветлена по цела должина.
Посочи една држава која ги има потполно осветлено автопатите како да возиш во град ?
И во врска со лентите. Србија има далеку поголем сообраќај заради турците кој преку Димитров Град одат за Турција, па немаат автопат со 3 ленти.
Хрватска, Загреб - Белград исто е со по 2 ленти во правец.
Сега ако успееме патарините да ги направиме да бидат со картички за да не застануваме, нема ни да се видат гужви пошто засега само на патарините е проблемот, а не во тоа дека автопатот ни е со 2 ленти.
Затоа не се согласувам со ова, ако имаш подобри аргументи, бујрум.