Осветлување на автопат "ќе барал"?
Тоа е ненормално скапа работа не само да се направи туку и да се одржува и да се плаќа потрошената електрична енергија.
Ако е осветлен (што е невозможно него ајде) треба да се стави 400 денари патарини на 3 места. Вкупно 1200 денари за таа делница.
Па оди вози по светло.
Мора малце да се размислува. Неможе глупости да бараш наоколу. Ти можеш ама не очекувај дека тоа ќе вроди плод.
Со 400w сијалици за 30км цената е 15000еур месечно само за струја. Плус се друго.
Ќе си пуштиш долги и ќе ја прилагодиш брзината на условите на патот.
П.с. да смениме ние луѓето бе...
Дали е скапа работа за грците, за србите, за германците, холанѓаните бидејќи они веќе имаат направено.
Нема ли осветлување на сончева енергија? Јас се мислам дека тие во Германија па и другите земји се такви.
Ако требааат 15000 евра до Солун, колку тогаш им треба на овие земји ?
Како бе 1200 денари треба да се направат?
Евзони до Катерини има 3 патарини. Вистина дека е пократка делницата и малку е поскапа патарината, ама далеку е од 1200 денари
Скопје-Богородица 157км 3 патарини 180 денари
Богородица-Катерини 110км 3 патарини околу 300-350 денари ( не памтам точно дали имаа 3 или 4 патарини до Катерини)
Какви 1200 денари
@DeniКои се тие глупости што ги зборам? Мислам дека треба да намалиш со навредите.
Со 1200 денари се оди до Будимпешта бе човече. 830км пат со платени вињети се. Ако незнаеш те молам или ќути си или не се срами.
Прво кога возиш од спротивна лента во Солун колите не се гледаат. Има садници, дрва итн. Има осветлување и видливост и нема потреба од долги светла.
Автопат не е автопат ако на него е дозволено 120км а ти возиш со 70км/ч, и се над таа брзина е ризик.
На крај се се сведува до луѓето. Мене ми е јасно дека неможеме да бидем Германија, Италија, но барем да почнеме да се движиме натаму. Но има еден проблем кај нас што многу луѓе до пред 30 години беа по селата. Тие ни асфалт не беа виделе. Па овој пат за нив е леле лудило.
Да не зборам дека има луѓе кои не излегле надвор од државава а имаат по 50 години веќе.
И многу млади исто така, немаат отидено надвор а веќе имаат по 30 години па и за нив е добар.
Али најдобар е за оние што тераат инает.
И за нив патот Смоквица е нешто совршенство.
Треба да се отиде малку до надвор, да се види, да се спореди па тогаш да коментираат.
А тебе те молам не употребувај фрази (глупости сум барал, итн) ако имаш кажи си нешто ама нормална дискусија да биде.