Ја начнавте темата за носење, планирам со кола да идам од Германија за Скопје почеток на Јули на одмор.
Ако некој му треба нешто од тука што не се наоѓа во Македонија, нека ми пише пп ќе го донесам до Скопје со драго срце, па после ќе си го земете од кај моите. Само да биде нешто што не морам да го шверцам, не сакам да се замарам по граници со тоа.
Ако не е проблем, би сакал да ја искористам понудава да порачам значки за новата кола, кои нити ги има овде, нити сакаат да ми ги нарачаат во АутоСК

Поштарина за МК е одлични 30 евра кои подоцна ќе се претворат во уште поодлични 70 со лежарината на ДХЛ/Федекс (наспроти само 6 евра до германска адреса), и значките ќе ме коштаат колку сет за ребраст каиш

Ако не е проблем, пиши ми ПП
