Aaaaaa која финта е таа. Ја знам.
Еден така куп пари направи, со коли. Купуваше по багателна цена и после 5-6 месеци, ја шиткаше. Почна од Голф, па стигна до Q7.
Не ќе да е таа финта.
@NDark Kako moze be od UN da zeme kola bez DDV pojasni malce ? Sepak e gragjanin na MK neli ??
Ima li takva finta ?? Znam deka eden poznat od Sofija koga rabotese za OSCE na kosovo zema kola vo BG - nova i mu stavija OSCE-P tablicki. Pisi be kako e postapkata ?
pa kako koordinator na kancelarijata na UN na kosovo mu sleduva taa beneficija, so sto kolata koga ke se zeme se registrira na diplomatski kosovski tablici i posle 6 meseci ke se prefrli na skopski
sega pred pola godina taka zema pajero za bagatelna cena
Како може кола која е купена во Косово, да ја префрлиш на Мак табли без да платиш царина, данок, акциза?
Не може.
Во законот за ДДВ стои дека колата може да ја купи без данок и да ја користи САМО ЗА сопствена употреба. Што значи дека ако сака да ја продаде, купувачот ќе мора да го плати ДДВ-то. А царината мора да ја плати иако е лице со дипломатски имунитет, односно царината ја плаќа увозникот. Е сега замислете случај, купуваш кола за 10.000 евра нова и не плаќаш ддв. Ти следат таблици со ознака C9 од зади. После 3-4 години сакаш да ја продадеш колата за 5000 евра или уште пониско пошто си дипломат нели и не сакаш да трошиш време на тоа, тогаш купувачот на колата нема да плати ДДВ на цената од 5000 евра туку на цената од 10.000 евра, како кога би била нова. Е сега да плаќаш 1800 евра за ДДВ за кола која вреди 4000 или 5000 нема смисла.
Јас можев да купам Форд Фокус од мој пријател кој беше американски дипломат, ми ја даваше за 3000 евра (1.8 TDCI 5 години стар со 11.000км поминати) бидејќи го прекомандуваа во Сараево. Кога видов дека треба уште повеќе од 3000 евра за ДДВ да платам не се сложив. Проверено. ДДВ трбаше да се плати како за кола до 18.000 евра ако не се лажам. Тоталка според тарифа.