Daj rascistete so vrakjanjevo DDV!
Расчистено е: извадок од законот за ддв:
Исклучување на правото на одбиток на претходниот данок
член 35
Даночниот обврзник нема право на одбиток на претходниот данок за:
1. Набавки или увозот на добра и користењето услуги за цели на прометот: а) ослободен од данок според член 23 на овој закон или б) во странство кој би бил ослободен од данок според член 23 од овој закон, ако би се извршувал во земјата;
2. Набавки, производство и увоз на велосипеди, моторни возила со помалку од четири тркала (категорија Л), возила за превоз на патници, кои, покрај седиштето на возачот, имаат најмногу до осум седишта и чија најголема маса не надминува 3500 кг (категорија М1), исклучувајќи ги возилата за комбиниран превоз, летала, пловни објекти, како и резервни делови, гориво и потрошен материјал за нив, нивно изнајмување, одржување и поправка и за други услуги поврзани со нивно користење.
Ова не важи во случаите, кога даночниот обврзник ги користи превозните средства или другите добра во календарската година исклучиво за следниве дејности:
а) промет со наведените превозни средства и други средства,
б) изнајмување на наведените превозни средства,
в) превоз со наведените превозни средства,
г) обука на возачи со нив,
д) одржување и поправка на наведените превозни средства и други добра;
Значи да прочистиме:
Даночниот обврзник нема право на одбиток на ДДВ при набавка на гориво и резервни делови за патнички возила кои не надминуваат 3500кг како и поправка на истите освен ако обврзникот не е трговец со гориво, изнајмување на патничи возила, такси, автошкола