Кај мене ја кажува точната температура,нема никакви толеранции,на нагорнини се покачува нешто над 90,на надолнини помеѓу 80 и 90 С,т.е си мери точно и си покажува точно,а не како некои да се залепи на 90С и да не мрдне.
А што ти покажува кога ќе се вклучи перката за ладење? 90степени и тогаш?
Не кога ке се вклучи перката покажува нешто под 100 С,термопрекидачот ги вклучува перките на 97С во прва брзина,втора брзина е на 102С но до сега не стигнала температурата за втора брзина.Термостатот го менував пред некој месец,стариот ми отвараше уште на 50-60С и моторот тешко загреваше,сега за 5 мин. температурата си доаѓа нешто под 90С.
Пред некоја година сменив и термопрекидач,стариот не вклучуваше во прва брзина,дирек на втора одеше,одејќи Кавадарци-Прилеп 5 души товарен,летно време температурата ми ја крена над 105С кај ресторанчето на Плетвар,тогаш приметив дека имам фалш термопрекидач,за 300 ден. нов и нема гајле.