Автор Тема: Температура на разладна течност  (Прочитано 26147 пати)

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #15 на: 29 Април 2012, 09:07:39 am »
Термометарот на инструмент табла ти е  „ориентационен“. И тоа побајаги.  Јас ова што го кажав за Алфата, е од техничкото упатство, и кај мене стои на 90 ако е така, ама знам дека тие термометри се за да ти покаже ако нешто лошо се случува. Џабе ќе сликаш, или дај ми температура кога ќе уклучи втора брзина (или втор вентилатор) отчитано преку ОБД, односно колку дава сензорот за температура, или дај ми инфо од техничко упатство за bmw-то.
BTW, што е со колава на вода? :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #16 на: 29 Април 2012, 09:19:19 am »
Треба да се напомене дека температурата која ја покажува инструментот не е 100% точна. Има одстапување од 5-10 степена. За да навистина утврдите која е температурата треба да ја уштеката на компјутер за дијагностика. Има примери кога инструментот покажува 90 а дијагностика 80 степена, и обратно.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #17 на: 29 Април 2012, 12:04:41 pm »
Идеална температура за моторот , утврдено со тестирања е 100c.Може да проверите по книгите за мотори со внатрешно согорување-факултетските.
Секој од производителите го знае ова па се стреми што поблиску да ја одржува во системот.
Пред да се воведат затворените системи на ладење, температурата се одржуваше на околу 90с,заради самиот систем.
Со затворените системи,кои се под притисок од некој 1,5 бари,дозволена е повисока темпаратура блиска до идеалната.Ова од причина што температурата на вриење и да е вода во системот е повисока од 100с.
И не е само опел.Негова „грешка“ е што на инструмент таблата е изразено во степени, а не со дозволени полиња каде не те интересира колку е апсолутната вредност, туку да се движи во дозволените полиња.
VW  на пример од некои си 65с па нагоре стои стрелката на 90с.А ако го гледаш на тестер се појавуваат драстични разлики.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #18 на: 29 Април 2012, 13:04:33 pm »
Interesno e da se vidi kako izgleda raspredelenieto na temperaturata na termalna kamera. Taka imas najdobra pretstava kolku e istata vo sekoja tocka na vidnoto pole.

Posto temperaturata se meri so senzor najcesto e sostaven od 2 dela - edniot za ECU-to a drugiot za instrument tablata.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #19 на: 29 Април 2012, 14:57:29 pm »
Кај постарите модели имаше засебни сензори, за ecu-to од моторот и таблата.Кај поновите се користи еден сензор за ecu-то од моторот ,а од  него се проследува до таблата и секаде каде што треба-на пример модулот за ладење...ако е засебен, а може и да е составен дел на ecu-то од моторот, климата...итн...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #20 на: 29 Април 2012, 15:14:45 pm »
Симо,ако водата врие на 100-105 степени,кажи ми шо би се случило кај тебе на Алфата кога би достигнала температура од 105-110 степени(ако ја возиш на вода).На антифриз е друг муабет,но незначи дека моторот не би имал мака од толкави температури.
Тоа што сказалката прикажува орентационо,незначи дека одстапува 10-20 степени.
Значи јас кажав што мислам,дека од 90-95С погоре не треба да оди.Ниту бензин ниту дизел.
Еве некои примери од моите возила
-Мерцедес 79г. - со околу 20т товар,на угорнина 90-95с ништо погоре ништо подолу(нормал)
-БМВто - нормал сказалката,ке ја сликам ке видиш,лето зима угорнина,надолнина таму си стои.
-Реното нема сказалка,па ако светни сијаличката за разладната течност,тогаш знаеш дека е веќе доцна и дека треба да си одиш право на механичар.
-Ман 8.163 - нормал,на угорнина товарен,креваше по малку заради ладњакот.
-Хонда- нормал, исто како БМВ-то
-Алфата имаше повисока работна температура,односно од 95С никогаш не одеше повеке.
Под нормал се подразбира бројката од 90С...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #21 на: 29 Април 2012, 15:25:05 pm »
Зар има некој што вози Алфа на вода ?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #22 на: 29 Април 2012, 15:30:30 pm »
Тоа со водата е земено како пример.Кола или камион или било што,не треба да се разладува со вода.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #23 на: 29 Април 2012, 17:40:06 pm »
Зар има некој што вози Алфа на вода ?
И на вода да ја возиш-дестилирана, дејонизирана-нема ништо да и биде, сем на температури под 0, доколку се работи за затворен систем на ладење-исправен се разбира-oд аспект на прегревање.
« Последно менување: 29 Април 2012, 17:59:51 pm marsher »

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #24 на: 29 Април 2012, 19:15:28 pm »
Voda ne, antifreeze se preporacuva i toa vo zavisnost od sistemot kako e dizajniran t.e. crevata i vodnata pumpa. Na voda ke protece pobrzo.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #25 на: 29 Април 2012, 19:20:41 pm »
Водата под притисок од 1,2 бари врие на 120 степени. Нема врска тоа дека водата ќе протече побрзо.

Отсутен marsher

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • smchiptuning
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #26 на: 29 Април 2012, 20:30:59 pm »
Voda ne, antifreeze se preporacuva i toa vo zavisnost od sistemot kako e dizajniran t.e. crevata i vodnata pumpa. Na voda ke protece pobrzo.
Ќе ставиш тешка вода.... ;D ;D ;D од некој нуклеарен реактор.. ;D

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #27 на: 29 Април 2012, 20:53:28 pm »
A D2o i posle ke svetis ko sijalica. Ne daj boze T2o.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #28 на: 29 Април 2012, 20:54:31 pm »
Симо,ако водата врие на 100-105 степени,кажи ми шо би се случило кај тебе на Алфата кога би достигнала температура од 105-110 степени(ако ја возиш на вода).На антифриз е друг муабет,но незначи дека моторот не би имал мака од толкави температури.
Тоа што сказалката прикажува орентационо,незначи дека одстапува 10-20 степени.
Значи јас кажав што мислам,дека од 90-95С погоре не треба да оди.Ниту бензин ниту дизел.
Еве некои примери од моите возила
-Мерцедес 79г. - со околу 20т товар,на угорнина 90-95с ништо погоре ништо подолу(нормал)
-БМВто - нормал сказалката,ке ја сликам ке видиш,лето зима угорнина,надолнина таму си стои.
-Реното нема сказалка,па ако светни сијаличката за разладната течност,тогаш знаеш дека е веќе доцна и дека треба да си одиш право на механичар.
-Ман 8.163 - нормал,на угорнина товарен,креваше по малку заради ладњакот.
-Хонда- нормал, исто како БМВ-то
-Алфата имаше повисока работна температура,односно од 95С никогаш не одеше повеке.
Под нормал се подразбира бројката од 90С...


Мечето, јас не теоретизирам и не зборам на памет и не викам што би било кога би било. Ти кажувам факти.

На вода не е препорачливо да се вози, колку што знам од две причини. Првата е: Антифризот има поголема точка на вриење и помала на мрзнење, а втората е: Антифризот има некои подмачкувачки ствојства, кои се потребни за семеринзите на водната пумпа.

Што се однесува до сказалката, јас ти кажав, сказалката е направена, поготово на новите возила да има распон од 5-6 степени пред да се помести од твојата фамозна 90-ка, еве земи обд дијагностика, види кога ќе застане стрлката на нормална темп. ќе видиш дека е некој степен пониска од онаа што ти ја сметаш за нормална, а и кога ќе дојде до нормалната или нешто повисока, пак ќе си стои ко` „закопана“ на средина.

Она што е нормал за една кола не значи дека е нормал за сите коли.

За крај, еве ти го цитатот од техничката документација на мојата алфа, а ти кажав како е и кај е90 бензинци, па ти како сакаш понатака.

Цитат: Alfa Romeo eLearn

The control unit controls the switching on of the electric fan in accordance with the coolant temperature:

temperature for switching on 1st speed 95° C
temperature for switching on 2nd speed 102° C



The control unit momentarily interrupts the supply to the compressor:

during starting
by switching it off over 6200 rpm
by switching it off if the engine temperature > 112° C.
during take-off with accelerator fully depressed.


THERMOSTAT
Mounted on the rear of the cylinder head, its function is to keep the engine at the optimum temperature:

at a temperature of < 83 ± 2° C, the (closed) thermostatic valve directs the coolant directly to the pump
at a temperature of > 83 ± 2° C, the (open) thermostatic valve directs the coolant to the radiator.


Според ова, работната температура на моторот е од 80-тина (82-2 степени) па до 102, кога се уклучува и втората брзина на вентилаторот, но до 112 е „дозволено“ да отиде.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Температура на разладна течност
« Одговори #29 на: 29 Април 2012, 22:59:31 pm »
Работна температура се учи во градинка,немојте вака.Се знае околу 90С,термостатот во зависност отвараат од 85-87С,автоматчето за перките прва брзина нешто под 100С,конкретно кај мене на 97С,втора брзина на 102С,но во екстремни случаеви и може да оде и до 110С и да нема никакви оштетувања на моторот.
Строго препорачливо е да се има антифриз,знаеме зошто.

Но Автоматчето за перките се наоѓа на долната страна од ладилникот,каде водата е со намалена температура,а покажувачот на температура се наоѓа веднаш до блокот,каде разладната течност е повеќе загреана.

Јас пред некоја недела менував термостат и температурата ми ја држи од нешто под 90С па до нешто над 90С.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!