Муабетот почна од оваа песна, па да ја видиме поконкретно во Adobe Audition според оној FLAC кој го имам низ годиниве.
Еве ја целата слика од Адоуби Аудишн:

Слична е приказната во останатиот дел од песната како и тука, кој сака цела да си ја анализира може да си ја погледне слободно сам. Саглам фајл може да ви дадам јас или да си симнете од некој проверен интернет залив.
Првиот дел на кој ќе се фокусираме е спектралниот анализатор кој намерно е зумиран во најдолниот дел од спектарот, зошто за таму и беше наменета дискусијава. Еве го:

Јасно е видно дека оспегот под 100Hz, е квантизиран, и полн со музика. По полн неможе да биде. Може да заклучиме дека голем дел од инструментите се наоѓаат во тој опсег под 100Hz.
Ако потоа се префрлиме на моментална фрекфенциска анализа од истата слика ќе го видиме ова:

Ставена е во логаритамски мод, за да може да се согледа долниот дел од спектарот поубаво. Од сликата може да заклучиме дека опсегот под 100Hz е многу полн со фрекфенции, кои се исто или слично гласни како остатокот од спектарот.
Еве и некоја минута понатаму:

Истата слика се добива и во тој момент. Еве ја и линеарната слика:

Информативно ме интересираше и спектарот на Pure Shores - Аll Saints. Сличен заклучок:

Информативно еве го и спектарот на Spanish Harlem - Rebecca Pidgeon

Спектарот на Orinoco Flow - Enya

Спектарот на Englishman in New York - Sting
Строго доверливо. Според узнавањето и трагата досега забележана може да се увиди дека во оваа конкретна снимка фрекфенциите под 100Hz се видно присутни со моќност не помала од онаа на остатокот од фрекфенциите.