Ќе се дрзнам да кажам дека немаме (скоро) никаква продукција на музика изминативе 10-тина години. И оноа што беше поп, го снема.
Шуќур ги снема (или полека-полека ги снемува) паразитите као Јован Јованов и целата негова тајфа, ама уште има едно кило шунд, многу разно-разни „уметници“ што пеат кавери по свадби и бендчиња што не еволуираа од едно-те-исто свирките во Маракана. Мада, за мене бенд што свирел и пеел кавери некако не ми одговара да праи своја музика.
Нејсе. Небитно. Немаме музичка продукција. Немаме издавачка куќа што би застанала зад тоа и би го поставила и промовирала како кај нас, така и во странство. Сето тоа почнува со фактот дека на прсти се бројат квалитетните музичари, а и тие што ги имаме се so far up their own ass, they wouldn't recognize opportunity if it slapped them on the face. With a chair.
--
Секоја чест на неколкуте, малку музичари што се трудат да направат нешто добро и нешто што ќе остане, а што не се уфилмани во приказната дека се некакви-си-тамо-драпај-си-мео уметници, него прават музика пошто стварно сакаат и пошто стварно ги бива.